Информации засновани на факти и транспарентност за успешна имунизација од Ковид-19

Донатор
Balkan Trust for Democracy

Период
Март-декември 2021

За проектот

Проектот придонесе кон неутрализирање на негативното влијание на социјалните мрежи преку обезбедување информации засновани на докази, за процесот на вакцинација против Ковид-19. Акцијата ги следеше набавките, чувувањето и дистрибуцијата на вакцините против Ковид-19, работата на релевантните институции, известувањето на медиумите, а им понуди и знаење на новинарите за поквалитетно известување за развојот на вакцинацијата против Ковид-19. Проектот е дизајниран за да придонесе кон намалување на негативното влијание на лажните вести и домашното „антивакс“ движење, како и да понуди квалитетни информации за значњето и процесот на вакцинација.

Постигнувања

Проектот ги надмина очекувањата особено во продукцијата на мултимедијални содржини, како и во јавното информирање преку онлајн кампања. Беа рподготвени и објавени  65 информативно-едукативни производи (9 периодични мониторинг извештаи со детален преглед на процесот на набавка, чувување и дистрибуција на вакцините против Ковид-19, мерење на напредокот на имунизацијата и перформансите на релевантните институции, 9 извештаи од мониторинг на медиумите, 14 визуелизации за социјалните мрежи, 5 видео графики, 1 дигитална приказна, 1 видео за социјален дијалог, 5 новинарски стории и 21 инфографици).  Сите материјали беа објавени на интернет страницата на НВО Инфоцентарот, каде посебен дел беше посветен на проектните активности под името/хаштагот КовидИмунометар, и беа промовирани на ФБ и Јутјуб. Успешната комуникација и соработка со домашни и странски експерти, со националниот координатор за имунизација, со Македонската агенција за лекови и медицинска опрема – МАЛМЕД и со  Светската здравствена организација – СЗО, резултираше со исклучително ефикасна организација на серија обуки за новинарите, кои пак резултираа со зголемена продукција на квалитетни медиумски содржини од страна на новинарите што учествуваа на едукативните сесии.

Активности

Изданија (PDF)

Социјални медиуми

ИНФОГРАФИЦИ

Мониторинг на медиуми

ПРОЕКТИ