Преку оваа акција НВО Инфоцентар воспостави соработка, поддршка и охрабрување на девет локални граѓански организации да ги мобилизираат граѓаните и да се залагаат за партиципативна демократија на локално ниво, преку зајакнување на нивните капацитети за мобилизација, застапување и одржлив развој, со цел поттикнување на локалните власти да се промовира и практикува партиципативна демократија. Соработката и поддршката на локалните граѓански организации од Крива Паланка, Велес, Чашка, Свети Николе, Струмица, Куманово, Теарце, Дебар, Маврово и Ростуше (Спектар, Центар за аудиовизуелни уметности, Активо, Организација на жени од Струмица, Граѓанска иницијатива на Жени Свети Николе, ХЗ Мајка, ЦЕД Теарце, Радика-ДЕ, ЗЕУКС Тритон) е обезбедена преку низа активности (обуки, менторство, настани и локални акции) прилагодени на специфичните потреби на организациите и локалните заедници. Преку процес на консултации и поддршка, сите вклучени граѓански организации беа охрабрени да организираат јавни настани или да иницираат мали локални акции со цел да се поттикне ангажманот на граѓаните, во соработка со вклучените локални ГО/граѓански иницијативи и локалните власти.