Лична карта на организацијата
НВО Инфоцентарот (НВО-ИЦ) започна во ноември 2003 година, како продолжение на ад-хок НВО Инфоцентарот и Прес-центарот на женските организации кои функционираа за време на Парламентарните избори во 2002 година, а во рамки на кампањата „Моќта е во народот“.
Во септември 2004 година, НВО-ИЦ се регистрираше како независен субјект, со мисија да биде креатор на позитивнат репутација, доверба и влијание на граѓанскиот сектор во општеството, со развиена, континуирана и одржлива експертиза во областа на односите со јавноста и застапувањето.
Оттогаш, НВО-ИЦ се стреми да придонесе кон развиено и слободно демократско општество засновано на владеење на правото и почитување на човековите права, општество на просветени и проактивни граѓани кои живеат во благосостојба и негуваат достоинство, еднаквост, солидарност и правичност.
НВО-ИЦ посветено работи на создавање култура на континуирано и проактивно учество на граѓаните во политичките и општествените процеси преку постојана едукација и еманципација, како и преку јавно застапување.
НВО-ИЦ е професионална и независна организација која работи на отворен и транспарентен начин. Ги вклучува и има еднаков пристап кон сите луѓе и општествени групи. Го цени својот интегритет, кредибилитет и одговорно пристапува кон (природните) ресурси и животната средина.
НВО-ИЦ ги негува следните вредности и вкрстени хоризонтални приоритети:
- Професионалност и независност
- Интегритет и кредибилитет
- Отвореност
- Транспарентностж
- Конзистентност и кохерентност
- Инклузивност
- Одржливо користење на ресурсите
Хоризонтални приоритети (кои се рефлектираат во сите програмски и организациски политики, практики и активности):
- Заштита на животната средина
- Прилагодување и спречување на климатските промени
- Родовата еднаквост и еднаков третман на сите ранливи групи
НВО-ИЦ се фокусира на следните стратешки приоритети:
- Средина која овозможува и поддржува силен, ангажиран и активен граѓански сектор.
- Едуцирани, просветени и информирани граѓани и општествени групи за развој на отворено и слободно општество.
- Слобода на информации и слобода на изразување.
- Добро владеење за изградба на општество засновано на солидарност и инклузија, со еднакви можности за сите граѓани.
- Едуциран граѓански сектор како авангарда на напорите да се изврши влијание и промени на подобро.
- Лидерство преку пример: преку континуиран организациски раст и подобрување (доживотно учење) да се постигнат позитивни промени.
Тим
Извршна директорка: Билјана Бејкова
Програмска директорка: Елена Симоноска
Контакт
contact@nvoinfocentar.org.mk