Мапирање на меѓународното пропагандистичко и субверзивно влијание во Северна Македонија

Донатор
Амбасада на САД во РСМ

Период

30 јули 2022 – 28 февруари 2023 година

За проектот

Општата цел на проектот беше да се спротивстави на субверзивното, пропагандистичкото и дестабилизирачкото меѓународно влијание во клучните општествени сфери, како што се медиумите и ширењето информации. Во рамките на проектот спроведовме студија фокусирана на идентификација на водечките наративи присутни во медиумското покривање на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, како и покривањето на руската воена агресија врз Украина. Студијата беше фокусирана на идентификување на методите за ширење на овие содржини во јавноста. Во анализата се истражуваше и можното присуство на дезинформации, непроверени и непотврдени конспиративни содржини, антизападна реторика, итн.

 Втората компонента на истражувањето се состоеше од социо-демографски конципирани фокус-групи со граѓани. Вкрстената анализа на субверзивните и пропагандните наративи присутни во медиумите и нивната застапеност во наодите на фокус групите ни овозможи да го истражиме начинот и степенот до кој овие наративи влијаат врз јавното мислење и нивоата на информации достапни за граѓаните.

Постигнувања

  • Сеопфатен детален извештај јавно достапен како ефективна алатка за едукација, подигање на свеста и поттикнување на јавната дебата.
  • Наодите од истражувањето и препораките беа широко споделени со домашната и меѓународната заедница (владата и другите релевантни државни институции, дипломати, граѓански и медиумски организации, експерти, студенти итн.), со цел ефикасна борба против малигните информации, дезинформации и манипулации што лесно може да влијаат на граѓанската и националната безбедност и стабилност.
  • Наодите и препораките од истражувањето се вградени во документ со препораки за спротивставување на дезинформациите и малигните влијанија доставен и прифатен од владата. Ова е заедничка иницијатива на неколку граѓански организации кои работат на полето на комуникациите, медиумите, дезинформациите и малигните содржини.

Активности

Истражување: Пропагандните наративи за војната во Украина и за македонско-бугарските односи

Во фокусот на ова истражување на НВО Инфоцентарот е идентификувањето на доминантните пропагандни наративи во известувањето на онлајн медиумите за...

ПовеќеDetails

Публикации

ИНФОГРАФИЦИ

ПРОЕКТИ