Политика за приватност

Фондација “НВО Инфоцентар” (во натамошниот текст „ фондацијата “) во согласност со законот за заштита на личните при обработка на личните податоци дејствува во својство на контролор на личните податоци. Во таа насока заштита на приватноста и личните податоци претставува приоритет во нашето работење, при што фондацијата ги презема соодветни мерки за имплементирање на начелата за заштита на личните податоци. 

Со цел трансапрентна и законска обработка на личните податоци, фондацијата ја подготви и оваа Политика за приватност со која Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци, за начинот на кој ги штитиме Вашите лични податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.

Нашите податоци:

Контролор:

Фондација “НВО Инфоцентар”

Димитрие Чуповски 16А-1/4, Скопје,

E-маил: contact@nvoinfocentar.org.mk

Нашиот координатор за заштита на личните податоци

Елена Симоноска,

Е-маил: elena@nvoinfocentar.org.mk

*Секој посетител на оваа веб страница, може во секое време директно да контактира со нашиот координатор за заштита на лични податоци за какви било прашања и предлози во врска со заштитата на личните податоци.

1.      Дефиниции

Лични податоци

Под личен податок се подразбира секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.

Субјект на личните податоци

Субјект на личните податоци е идентификувано или физичко лице кое може да се идентификува, чии лични податоци ги обработува контролорот одговорен за обработка на личните податоци.

Обработка на личните податоци

Обработка на личните податоци е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.

Контролор

Контролор е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.

Обработувач

Обработувач е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

Согласност

Согласност на субјектот е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјава на волја, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци. Кога вашите лични податоци се обработуваат врз основа на вашата согласност, вие имате право секое време да ја повлечете вашата согласност и ние ќе престанеме со обработка на вашите лични податоци.

Субјекти на лични податоци

фондацијата ги обработува личните податоци на следниве категории на субјекти:

  • Вработени во фондацијата
  • Членови на управен одбор на фондацијата
  • Надворешни соработници
  • Учесници на обуки/семинари/конференции

Категории на лични податоци

За наведените субјекти на лични податоци фондацијата ги обработува следниве категории на лични податоци:

Вработени во фондацијата

  • За цели на исполнување на договорни обврски и врз основа на Законот за евиденциите од областа на трудот, фондацијата за своите вработени обработува:
    • Име и презиме, адреса на живеење, ЕМБГ, ден, месец, година раѓање, степен и вид на завршено образование, работно време, боледувања, одмори, податоци за плата, транскациска сметка.
  •  Податоците за вработените ги чува 45 години согласно Законот за евиденции од областа на трудот.

Членови на Управен одбор на фондацијата

  • За целите на исполнување на законските обврски кои произлегуваат од Законот за здруженија и фондации, фондацијата води евиденција на Управен одбор на фондацијата, каде се обработуваат личните податоци на членовите на управниот одбор фондацијата како и членовите на фондацијата. За своите членови и членови на органи, фондацијата ги обработува следниве лични податоци:
    • Име и презиме, датум на плаќање на членарина, датум на раѓање, адреса, податоци за образование, работно место, е-маил, телефонски број.
  • Податоците за членовите се чуваат 10 години од денот на престанокот на членството во организацијата.

Надворешни соработници

  • За извршување на различни активности од својот делокруг, фондацијата ангажира различни профили на надворешни соработници (консултантни, обучувачи, преведувачи…), чии лични податоци ги обработуваме за цели на исполнување на договорни обврски. За надворшените соработници, фондацијата ги обработува следниве лични податоци:
    • Име и презиме, ЕМБГ, адреса на живеење, број на лична карта, трансакциска сметка
  • Податоците за надворешните оработници се чуваат 15 години од денот на извршување на договорот за услуги за целите на ревизии на проектите и активностите на организацијата.

Учесници на обуки/семинари/конференции

  • фондацијата во рамки на своите активности организира различни семинари, обуки, конференции при што за цели на организирање на активностите и известување до нашите донатори, ги обработуваме следниве лични податоци:
    • Име и презиме, организација и институција, е-маил и поптис
  • Податоците за учеесниците на обуки се чуваат 15 години од денот на оддржување за целите на ревизии на проектите и активностите на организацијата.

Интегритет и доверливост на личните податоци

Фондацијата презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци што се собираат преку оваа веб страница од неовластен пристап, незаконско откривање и уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен само на лицата кои се посебно овластени за тоа.

Колачиња (Cookies)

Нашата веб страница користи колачиња. Колачињата се текстуални датотеки зачувани во Вашиот информациски систем преку веб пребарувачот.

Многу колачиња содржат таканаречен ИД на колачето – единствен идентификатор на колачето, кој се состои од низа карактери преку кои посетените веб страници ги разликуваат веб пребарувачите на нивните корисници од другите веб пребарувачи, а со помош на единствениот идентификатор на колачето.

Со користење на колачиња, нудиме подобри услуги за посетителите и корисниците на нашата веб страница. Колачињата ни овозможуваат, да Ве препознаваме со цел да Ви го олесниме користењето на нашата веб страница. Доколку користите колачиња на нашата веб страница, не мора секогаш кога пристапувате до веб страницата да внесувате податоци за пристап, затоа што ги преземате од веб страницата и колачето е зачувано на Вашиот информациски систем.

Како посетител или корисник на нашата веб страница, можете во секое време да спречите поставување на колачиња со користење на соодветна поставка на веб пребарувачот или трајно да го одбиете поставувањето колачиња, а може и веќе поставените колачиња да ги избришете во кое било време преку веб пребарувачот или други софтверски програми. Ако го исклучите поставувањето колачиња преку веб пребарувачот, не ќе може во целост да ги користите сите функции на нашата веб страница.

Собирање на општи податоци и информации

Нашата веб страница собира низа општи податоци и информации кога пристапувате до неа. Овие општи податоци и информации се зачувани во лог фајловите (датотеките) на серверот. Собраните податоци и информации може да се однесуваат на (1) видот на веб пребарувачот и користените верзии, (2) оперативниот систем што го користи системот за пристап, (3) веб страницата од која системот за пристап пристапува до нашата веб страница, (4) датумот и времето на пристап до веб страницата, (5) адресата на Интернет протоколот (IP адресата), (6) давателот на Интернет услуги на системот за пристап и (7) други слични информации што можат да се користат во случај на напад врз нашиот информациски систем.

При користење на овие општи податоци и информации, не донесуваме заклучоци за корисникот. Наместо тоа, овие информации ни се потребни за (1) правилно да ја испорачаме содржината на нашата веб страница, (2) да ја оптимизираме содржината на нашата веб страница, (3) да обезбедиме долгорочна одржливост на нашиот информациски систем и технологијата на веб страницата, и (4) да им ги дадеме на органите за спроведување на законот информациите потребни за гонење во случај на сајбер-напад. Затоа, анонимно анализираме и собираме статистички податоци со цел да обезбедиме оптимално ниво на заштита на личните податоци што ги обработуваме. Анонимните податоци од лог фајловите (датотеките) на серверите се зачувуваат одделно од Вашите лични податоци.

Рокови за чување

Податоците кои се собираат врз основа на вашата согласност се обработуваат се до повлекување ан вашата согласност или исполнување на целите за собирање на податоците. Податоците кои се обработуваат врз основа на исполнување на законска обврска се чуваат во рамки на законските дадени рокови. По исполнување на целите податоците се уништуваат во согласност со материјалните и архивските прописи.

Пренос на лични податоци

Податоците за извршени актиности во фондацијата за цели на известување и ревизија се доставуваат до меѓународните организации, донатори на нашата организација.

Споделување  на податоци со трети страни

Фондацијата за дел од своите активности ангажира различни компании и поединци за извршување на стручни услуги и врз основа на законот за заштита на личните податоци овие лица дејствуваат во својство на обработувач. Обработувач согласно законот за заштита на личните податоци е секое лице кое во име и за сметка на фондацијата ги обработува личните податоци кои ги обработува фондацијата.

Вашите права

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате овластеното лице за заштита на личните податоци.  Дополнително, можете да го пополните следниов формулар -линк до барањето – и да го поднесете до координаторот за заштита на личниет податоци.

Вашето право за поднесување на барање до надлежниот орган

Доколку сметате дека организацијата при обработка на Вашите лични податоци ги повредува одредбите од ЗЗЛП, имате право да поднесете барање до надзорниот орган Агенција за заштита на личните податоци. линк: https://www.dzlp.mk

 
  • Објави во тренд
  • Коментари
  • Најнови