Обука за новинарки и активистки за родово сензитивно известување
Во рамки на проектот „Родово сензитивно новинарство за локален медиумски плурализам (REM)“, НВО Инфоцентарот ја започна серијата од пет онлајн...
ПовеќеDetailsДонатор
Европската Унија
Период
март 2026 – јануари 2027
Проектот „Родово сензитивно новинарство за локален медиумски плурализам (РЕМ)“ настојува да ги зајакне професионалните капацитети на локалните и регионалните медиуми, преку родово сензитивно, етичко и одговорно новинарство. Истовремено ја поттикнува соработката меѓу новинарките и граѓанските активистки, и ја зголемува видливоста на темите за родова еднаквост во локалните заедници.
Овој проект е спроведуван од НВО Инфоцентар, со поддршка од проектот MEdIA–Lit, реализиран од Центарот за граѓанско образование од Црна Гора (CCE/CGO), во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија (HCHRS), Хелсиншкиот комитет за човекови права во Северна Македонија (MHC), Тиранскиот центар за новинарска извонредност во Албанија (TCJE) и Атлантската иницијатива во Босна и Херцеговина (AI). Проектот е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Министерството за регионален и инвестициски развој и соработка со невладини организации на Владата на Црна Гора.
Во рамки на проектот новинарки и граѓански активистки преку обука, менторска поддршка и тимска работа ќе подготват родово сензитивни медиумски содржини релевантни за нивните заедници.
Едновремено, ќе се организираат и информативно-едукативни сесии за родово сензитивно известување во редакциите на вклучените медиуми, ќе се анализираат политиките и практиките за родова еднаквост во локалните и регионалните медиуми, а ќе се изработат и практични алатки за нивно унапредување.
Во рамки на проектот „Родово сензитивно новинарство за локален медиумски плурализам (REM)“, НВО Инфоцентарот ја започна серијата од пет онлајн...
ПовеќеDetailsНВО Инфоцентар објавува повик за пријавување тимови составени од една новинарка и една граѓанска активистка, за учество во проектот „Родово...
ПовеќеDetails© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.