Untitled

Лекарите и новинарите за процесот на имунизација против КОВИД-19 во државава

на дек 21, 21 • од

Анкетите опфатија 66 лекари од различни специјалности, матични лекари и лекари директно вклучени во процесот на вакцинација, како и 27 новинари кои редовно или повремено го следат и известуваат за овој процес, на локално и национално ниво...
Pin It

Home » Активности, Анализи, Ковид Имунометар » Лекарите и новинарите за процесот на имунизација против КОВИД-19 во државава

Анализа на резултати од онлајн анкета

НВО Инфоцентарот, во периодот од 10 до 16 ноември 2021 година, спроведе онлајн анкети за процесот на имунизација против КОВИД-19, меѓу лекарите и новинарите во земјава.

Целта на овие анкети беше да се сондираат искуствата, ставовите и перцепциите на дел од лекарите и новинарите за текот на имунизацијата против КОВИД-19, за соработката со релевантните институции, за квалитетот на информациите и известувањето за овој процес, како и за тоа дали вакцинацијата треба да биде задолжителна и дали за не вакцинираните граѓани треба да има порестриктивни мерки.

За потребите на анкетното истражување беа подготвени два засебни прашалници (еден наменет за лекарите и еден за новинарите) кои потоа беа поставени и се пополнуваа онлајн преку платформата „Google Forms“. Стилот на прашањата во прашалниците беше од стандарден анкетен тип, во кој од испитаникот се бараше да одговори на серија прашања, преку избор на понудени одговори. Одговорите на сите прашања беа задолжителни, а испитаниците можеа да изберат еден од понудените одговори. На неколку прашања, испитаниците имаа можност за заокружат повеќе понудени одговори. Пополнувањето на прашалниците беше анонимно.

Анкетите опфатија 66 лекари од различни специјалности, матични лекари и лекари директно вклучени во процесот на вакцинација, како и 27 новинари кои редовно или повремено го следат и известуваат за овој процес, на локално и национално ниво.

Клучни наоди

Клучни наоди од анкетата меѓу лекарите

Anketa_Lekari

  • Мнозинството од анкетираните лекари (57.6%) сметаат дека процесот на имунизација против КОВИД-19 во земјава се одвива добро.
  • Половина од испитаниците се генерално задоволни од соработката со релевантните институции (Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, МАЛМЕД, Фондот за здравствено осигурување и др.).
  • Лекарите се поделени во својата оценка за квалитетот на медиумското известување – половина сметаат дека известувањето е лошо, а половина го оценуваат како добро и одлично.
  • Половина од лекарите сметаат дека главна причина за нискиот процент имунизирано население е недовербата на граѓаните во системот.
  • Високи 71.2% од испитаниците сметаат дека вакцинацијата против КОВИД-19 треба да биде задолжителна, а исто толку сметаат дека треба да има порестриктивни мерки за лицата кои не се вакцинирани.

 

Клучни наоди од анкетата меѓу новинарите

Anketa_Novinari

  • Речиси шеесет проценти (59.3%) од анкетираните новинари сметаат дека досегашниот тек на имунизацијата против КОВИД-19 се одвива лошо.
  • Новинарите се најзадоволни од соработката и пристапот до информации од Институтот за јавно здравје (63%), потоа од Министерството за здравство (51.9%) и на крајот од Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД (37%).
  • За 48,1% од новинарите најголеми пречки во известувањето се недоволните статистики и податоци, како и малиот број стручни лица во земјава.
  • За 44.4% од новинарите, проблем претставуваат и затвореноста на релевантните институции, како и малиот избор на извори на информации.
  • Во однос на податоците и статистиките што ги добиваат, 48.1% од новинарите ги оценуваат како делумно сеопфатни и прегледни.
  • Повеќето новинари (63%), сметаат дека главна причина за нискиот процент имунизирано население е недовербата на граѓаните во системот.
  • Високи 77.7% од новинарите се изјасниле дека вакцинацијата треба да биде задолжителна, додека 59.3% сметаат дека за невакцинираните граѓани треба да се воведат порестриктивни мерки.

 

Прочитајте го интегралниот текст: Анализа на резултати од онлајн анкета на лекари и новинари

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top