Зајакнување на младите преку медиумска писменост и дигитализација
Ја истакнуваме важноста на медиумската писменост и дигитализацијата во обликувањето на младинското учество во креирањето политики и поттикнувањето на информирано...
ПовеќеDetailsДонатор
Европска Унија
Период
Февруари 2023 – 31 јануари 2026 година
Целта на регионалниот проект „Регионален младински дијалог за Европа – RYDE“ е да придонесе кон зајакнување на партиципативната демократија во рамки на европската интеграција и регионалната соработка на Западен Балкан, преку зголемено влијание на граѓанските организации. Особено на младинските организации во промоцијата на демократските вредности, како и на политичките, економските и социјалните придобивки од европската интеграција на Западен Балкан.
Специфичните цели на проектот вклучуваат зголемување на учеството на граѓанските организации (ГО) и младите во структурниот дијалог за јавните политики на национално и регионално ниво, со фокус на политиките за човечки и социјален развој, релевантни за младите и другите маргинализирани групи.
НВО Инфоцентарот е дел од конзорциумот составен од AIEN (Албанија), Youth Act (Албанија), Network of Progressive Initiatives-NPI (Босна и Херцеговина), Косовската иницијатива за стабилност – IKS (Косово*) и Регионална академија за демократски развој – АДД (Србија), предводен од Фондацијата Центар за демократија од Србија.
Во текот на првата проектна година (2023) успешно беа спроведени следниве активности:
Ја истакнуваме важноста на медиумската писменост и дигитализацијата во обликувањето на младинското учество во креирањето политики и поттикнувањето на информирано...
ПовеќеDetailsВо рамките на проектот RYDE, НВО Инфоцентарот, преку Фондот за активни достигнувања за регионални неформални групи, ја поддржа неформалната група...
ПовеќеDetailsКраен рок за поднесување на апликацијата е 15 јануари 2025 година Ве покануваме да аплицирате за тематската сесија на ПОЛИТЕИА...
ПовеќеDetails© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.