Локалните инспекциски служби бараат независност и ефикасна законска регулатива
ЕКСПЕРТСКА ДЕБАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР-ПРИДОБИВКИ И ПРЕДИЗВИЦИ На 29.09.2022 година, во „Холидеј ин“, се одржа експертска дебата за...
ПовеќеДонатор:
Цивика мобилитас
Времетраење:
мај 2021-септември 2022
Проектот се спроведе со цел да ја подобри функционалноста и транспарентноста на локалниот инспекциски надзор и да поттикне двонасочната комуникација со граѓанските организации и граѓаните воопшто.
Остваривме успешна соработка со локалните инспекциски служби во сите плански региони во државава, како и со Инспекцискиот совет на РСМ. Локалните инспектори покажаа несекојдневен интерес и проактивност за учество на едукативните работилници во рамки на акцијата. На 16-те работилници активно учествуваа 186 локални инспектори од 46 општини од сите осум плански региони. За успешноста на акцијата говори и податокот дека дури 96 инспектори учествуваа во онлајн анкетата посветена на искуството на локалните инспекциски служби при споредувањето на новиот Закон за инспекциски надзор. На завршната јавна дебата присуствуваа 97 локални инспектори, како и претставници од Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочните постапки, претставници од ИС на РСМ, од Државниот инспекторат за локална самоуправа, од Државниот инспкеторат за земјоделство, од ДКСК. Одржавме девет инфо-средби со локални инспектори, насловени „Запознај го својот инспектор“, на кои учествуваа 155 граѓани, претставници од локални граѓански организации и претставници од општините.
ЕКСПЕРТСКА ДЕБАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР-ПРИДОБИВКИ И ПРЕДИЗВИЦИ На 29.09.2022 година, во „Холидеј ин“, се одржа експертска дебата за...
ПовеќеНВО Инфоцентарот со партнерските организации Спектар од Крива Паланка и Центар на заедницата на општина Струга, во рамки на проектот...
ПовеќеРезултати од најновата анкета на НВО Инфоцентар, Спектар и ЦЗО Струга,за локалните инспекциски служби и Законот за инспекциски надзор. 60%...
Повеќе© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.