НВО Инфоцентрот спроведе истражување на проруски наративи во известувањето на онлајн медиумите (пред почетокот на воената агресија на Русија врз Украина и во првиот месец од војната во Украина) и нивното влијание врз перцепциите и ставовите на граѓаните.
Во рамки на истражувањето беа анализирани 152 онлајн медиумски прилози, во периодот од 15 ноември 2021 до 31 март 2022 година, а беа организирани и четири фокус групи со граѓани (три во Скопје и една во Битола), во текот на јуни и јули 2022 година.
Детектирано е присуство на проруски наративи од кои најчести се:
– Величење на моќта на Русија (голема, страшна, одлучна, принципиелна, економски и воено надмоќна).
– Руската агресија врз Украина е легитимна.
– Слаба, корумпирана и нацистичка Украина.
– Војната во Украина е пазар меѓу големите сили.
– Критики и потсмев за НАТО, Западот и другите поддржувачи на Украина.
Влијание на проруските наративи врз граѓаните (фокус групи):
– Супериорност на Русија.
– Скептицизам кон западната поддршка за Украина.
– Негативен став за украинскиот претседател Зеленски.
– Верување во теории на заговор.
– Војната во Украина не е вистинска.
– Западот е лицемерен кон Украина, но и кон Македонија.