Во фокусот на ова истражување на НВО Инфоцентарот е идентификувањето на доминантните пропагандни наративи во известувањето на онлајн медиумите за воената агресија на Русија врз Украина и за македонско-бугарските односи.
Анализирани се вкупно 345 содржини објавени во онлајн медиумите во државава, од кои 192 се посветени на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија (15 ноември 2021 – 15 февруари 2022), а 152 се однесуваат на воениот конфликт во Украина, односно периодот пред почетокот и почетокот на воената агресија на Русија врз Украина (15 ноември 2021 – 31 март 2022).
Автори на истражувањето кое е поддржано од Амбасадата на САД во РСМ, се д-р Сеад Џигал, комуниколог и Љупчо Петковски, политиколог.
Клучни наоди од истражувањето
1. Воениот конфликт во Украина
Детектирано е присуство на проруски наративи од кои најчести се:
– Величење на моќта на Русија (голема, страшна, одлучна, принципиелна, економски и воено надмоќна).
– Руската агресија врз Украина е легитимна.
– Слаба, корумпирана и нацистичка Украина.
– Војната во Украина е пазар меѓу големите сили.
– Критики и потсмев за НАТО, Западот и другите поддржувачи на Украина.
Влијание на проруските наративи врз граѓаните (фокус групи):
– Супериорност на Русија.
– Скептицизам кон западната поддршка за Украина.
– Негативен став за украинскиот претседател Зеленски.
– Верување во теории на заговор.
– Војната во Украина не е вистинска.
– Западот е лицемерен кон Украина, но и кон Македонија.






2. Македонско-бугарските односи
Анализата ги детектираше следниве доминантни наративи:
– Бугарија продолжува со анти-македонската политика.
– Бугарскиот фашизам наспроти македонскиот-антифашизам.
– Бугарија не го признава македонското малцинство во својата држава.
– Македонската власт е предавничка и некомпетентна.
– Потценување на помирливите настапи и изјави.
Влијанието на наративите врз граѓаните (фокус групи):
Недоверба и длабоко чувство на виктимизација
– Длабоко вкоренето чувство на виктимизација.
– Високо ниво на недоверба кон македонската надворешна политика.
– Политичките елити „не треба да бидат марионети на Западот“.
– Политичките елити не се способни да го одбранат „националниот интерес“.
Потенцијал за детектирање пропагандни наративи
– Мотивираност и потенцијал за критичко размислување.
– Определен степен на критичка способност за детекција и деконструкција на пропагандни наративи.
– Потенцијал за критичка дистанца кон информациите од „страната“ која се поддржува.


Целото истражување може да го прочитате на следниов линк: https://nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2023/02/MKD_Istrazuvanje-BG_MK_RU_UK.pdf