No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Во фокус

Покана за тематската сесија на POLITEIA „Јавни политики за независност на домувањето на младите од Западен Балкан“

NVO Infocentar од NVO Infocentar
05/12/2025
во Во фокус, Активности, Проект - Регионален младински дијалог за Европа – RYDE
0
188
СПОДЕЛУВАЊА
1.4k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Ве покануваме да аплицирате за тематската сесија на POLITEIA „Јавни политики за независност на домувањето на младите од Западен Балкан“, која ќе се одржи на 22-23 декември 2025 година во Белград (Хотел Палас, Топличин венац 23), организирана од Регионалната академија за демократски развој.

Целта на оваа сесија е да се зајакнат капацитетите на младите луѓе, организациите на граѓанското општество и носителите на одлуки за подобро разбирање и анализа на јавните политики што се однесуваат на независноста на домувањето за младите во Западен Балкан. Учесниците ќе стекнат длабинско разбирање на структурата на политиките за домување, процесот на дефинирање на целите и мерките, правните рамки и методите за проценка на социјалното влијание на политиките – особено врз младите луѓе и другите ранливи групи. Сесијата ќе се фокусира и на усогласувањето со стандардите на ЕУ и размената на практики за политики од други економии на Западен Балкан и земји-членки на ЕУ. Оваа активност дополнително ќе ја поддржи регионалната соработка и заедничкото разбирање на клучните предизвици во подобрувањето на пристапот до домување за младите луѓе.

Тематската сесија POLITEIA вклучува и еднодневна менторска програма, за време на која учесниците дополнително ќе ги подобрат своите практични вештини во анализата и подготовката на документи за предлог-политики во оваа област.

Учеството е отворено за претставници на младински организации, млади активисти, млади членови на политички партии, како и лица кои донесуваат одлуки од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Апликациите мора да се достават на англиски јазик, што е работен јазик на сесијата.

Краен рок за аплицирање: 14 декември 2025 година во 23:59 часот.

Формулар за аплицирање: https://docs.google.com/forms/d/1FTKQt3T1rm_CcbZ7yd4nRNTFzyJg5qwMKMlO5xW1c1k

Патувањето, сместувањето и оброците ќе бидат целосно покриени од организаторот – Регионалната академија за демократски развој.

Тематската сесија е организирана во рамките на проектот „Регионален младински дијалог за Европа“ (2023–2026), поддржан од Европската Унија, кој го спроведува Фондацијата Центар за демократија од Белград, во партнерство со Академијата за европска интеграција и преговори од Тирана, Иницијативата за стабилност на Косово од Приштина, Мрежата на прогресивни иницијативи од Сараево, НВО Инфоцентарот од Скопјe, Регионалната академија за демократски развој) од Нови Сад и Центарот за младински активизам од Тирана. Проектот е финансиран од Европската Унија.

Претходен напис

Граѓанските организации од Струмица на маргините на локалната демократија

Следен напис

Изложба на фотографии на лицата од трето доба

Поврзани Написи

Активности

Потпишани Меморандуми за реализација на граѓанските приоритети 2026-2029 во шест општини

30/12/2025
Анализи

Граѓаните свесни за загадувањето, но со ограничено знаење за еко-отпечатокот на облеката

25/12/2025
Анализи

Форум за граѓански дијалог и Локалните избори 2025: Граѓански приоритети – резултати од консултативниот процес

23/12/2025
Во фокус

Годишни работни програми: Здружени за активно граѓанство (2022–2025)

22/12/2025
Во фокус

Анкетата: Граѓаните и приоритетите на локално ниво 2025

16/12/2025
Активности

Изложба на фотографии на лицата од трето доба

08/12/2025
Следен напис

Изложба на фотографии на лицата од трето доба

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.