НВО Инфоцентарот воспостави соработка, поддршка и охрабрување на десетина локални граѓански организации да ги активираат граѓаните и да се залагаат за партиципативна демократија на локално ниво и тоа, преку зајакнување на нивните капацитети за мобилизација, застапување и одржлив развој.
Соработката и поддршката на локалните граѓански организации од Крива Паланка, Велес, Чашка, Свети Николе, Струмица, Куманово, Теарце, Дебар, Скопје, Маврово и Ростуше (Спектар, Центар за аудиовизуелни уметности, Активо, Организација на жени од Струмица, Граѓанска иницијатива на жени Свети Николе, ХЗ Мајка, ЦЕД Теарце, Радика-ДЕ, ЗЕУКС Тритон, ИПЕК) е обезбедена преку низа активности (обуки, менторство, настани и локални акции) дизјанирани спореде специфичните потреби на организациите и локалните заедници во кои работат.
Преку процес на консултации и поддршка, сите вклучени граѓански организации, во соработка со локалните власти.организираат низа јавни настани и мали локални акции (поддржани во рамки на проектот), за да го поттикнат вклучувањето на граѓаните на локално ниво.
Едновремено, воспоставена е неформална мрежа/соработка на НВО Инфоцентарот, локалните граѓански организации/активисти вклучени во проектот и медиумите. Во рамки на проектот, во 2023 година беа потпшани меморандуми за соработка со информативните портали A1on.mk, Kumanovonews.mk и Мекедонски медиа сервис, mms.mk.