НВО Инфоцентар продолжува со реализација на проектот „Родово сензитивно новинарство за локален медиумски плурализам (РЕМ)”, чија цел е зајакнување на капацитетите на локалните и регионалните медиуми за известување за прашања од јавен интерес низ призмата на родовата еднаквост и родово сензитивниот пристап.
Во периодот од 15 до 17 септември 2026 година беа реализирани дополнителни менторски средби со петте тимови составени од новинарка и граѓанска активистка, од различни делови на Северна Македонија. Средбите се одржаа во Демир Капија, Прилеп, Штип, Струмица и Крива Паланка.
Фокусот на менторските средби беше на напредокот на истражувачките приказни, продлабочувањето и прецизирањето на истражувачките агли, идентификувањето релевантни извори и податоци, етичките аспекти на известувањето и планирањето на следните чекори до подготовка на финалните новинарски содржини.
Дел од тимовите веќе реализирале интервјуа и теренско истражување, додека други се во процес на дополнително дефинирање на пристапот, обезбедување извори и собирање податоци и документи од релевантни инститруции.
Менторската поддршка особено се фокусираше на заштитата на изворите, проверката на информациите, пристапот до институционални податоци и примената на етичките стандарди, со посебно внимание на известувањето за теми поврзани со родово базирано насилство.
Преку комбинирање обуки, менторска поддршка и споделување знаења, проектот придонесува за поинклузивно, побалансирано и поодговорно новинарство, како и за зајакнување на локалниот медиумски плурализам и поголема видливост на различните општествени перспективи и искуства во медиумскиот простор.





Овој прилог е изработен во рамки на проектот „Родово сензитивно новинарство за локален медиумски плурализам (РEM)“, спроведуван од НВО Инфоцентар, со поддршка од проектот MEdIA–Lit, спроведуван од Центарот за граѓанско образование од Црна Гора (CCE/CGO), во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија (HCHRS), Хелсиншкиот комитет за човекови права во Северна Македонија (MHC), Тиранскиот центар за новинарска извонредност во Албанија (TCJE) и Атлантската иницијатива во Босна и Херцеговина (AI). Проектот е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Министерството за регионален и инвестициски развој и соработка со невладини организации на Владата на Црна Гора.






