ПОПИС 2021 – Кампања „ПОПИС КОНЕЧНО“

Донатори
УСАИД
ФООМ

Период
2021 година

За проектот

НВО Инфоцентарот е единствена граѓанска организација која во континуитет реализира активности поврзани со пописните процеси во Северна Македонија и има специјализирана интернет-страница popis.mk.

Во 2021 година, спроведовме граѓанска онлајн кампања за значењето на пописот на населението и мониторинг на известувањето на медиумите за Пописот 2021 година.

Преку своите активности, НВО Инфоцентарот имаше за цел да даде свој придонес кон непристрасното, квалитетно и веродостојно информирање на граѓаните за целиот процес на спроведување на Пописот 2021, но уште повеќе да ги едуцира за тоа зашто пописот е важен и зашто треба да биде успешно реализиран. Од суштинско значење беше да се влијание врз јавната свест дека пописот претставува основа за планирање и спроведување успешни развојни политики во сите области на општеството.

Постигнувања

  • Редизајнирана и функционална интернет страница за попис – popis.mk. Според Google Analytics, страницата имала 14.882 корисници, со 18.369 сесии и 29.341 прегледи на страници (стапка на отскокнување 75,72%).
  • 111 произведени и објавени написи на popis.mk.
  • Произведени 25 мултимедијални продукти, објавени на YouTube каналот на НВО Инфоцентар (5 инфографици, 11 визуелизации за социјални медиуми, 2 видеа, 1 кратка верзија на видео, 6 видео слајдови).
  • На ФБ фан страницата на НВО Инфоцентарот беа објавени вкупно 127 постови посветени на Пописот 2021 година, во периодот март-септември 2021 година.
  • Повеќето од содржините беа објавени и промовирани на Фејсбук (во 44 објави на ФБ), што резултираше со дофат од 214.000 и повеќе од 12.000 ангажмани.
  • Сите извештаи од мониторингот на медиумите беа изготвени, објавени и промовирани на ФБ, при што имаа дофат од 18.298 и 1.873 ангажмани.
  • 26 учесници на онлајн работилницата за новинари со извршниот директор и службеникот за односи со јавноста на Државната пописна комисија.

ПРОЕКТИ