Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво

Донатор
Меѓународен центар Олоф Палме

Период
Јануари 2019 – 

За проектот

НВО Инфоцентарот во рамки на својата програма за активно граѓанство, од почетокот на 2019 година, со поддршка на Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска, посветено работи на зајакнување на капацитетите на локалните граѓански организации за мобилизација на граѓаните, застапување и одржлив развој.
Преку проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“ се реализираат серија активности за соработка и јакнење на јавниот притисок врз локалните власти за да го поттикнат и практикуваат вклучувањето на граѓаните во процесите на креирање и реализација на локалните политики, и на таков начин да ја промовираат и унапредуваат партиципативната демократија.

Постигнувања

НВО Инфоцентарот континуирано ги зајакнува капацитетите на петнаесетина локални граѓански организации од петнаесет општини (Крива Паланка, Велес,Чашка, Теарце, Маврово и Ростуше, Струмица, Свети Николе, Куманово, Дебар, Неготино, Кавадарци, Струга, Битола, Штип, Скопје). Организирани се десетина обуки за градење на капацитетите на граѓанските организации, над 50 јавни настани и акции со учество на граѓани и локални власти.
Едновремено,  НВО Инфоцентарот и локалните граѓански организации ја мониторираат отчетноста на општините и нивните механизми за вклучување на граѓаните. Во изминатите години реализирани се дваесетина мониторинг активности.
Создадена е неформална мрежа на граѓански организации – Форум за граѓански дијалог (ФГД) која пред локалните избори, но и по формирањето на локалните власти, организира консултативни средби на граѓаните, локалните изборни канидидати/локалните власти за детектирање и реализација на локалните граѓански приоритети. ФГД во континуитет ја следи реализацијата на граѓанските приоритети во шест општини (Штип, Крива Паланка, Свети Николе, Струга, Демир Хисар, Крушево). За реализација на граѓанските приоритети потпишани се меморандуми со општините: Штип, Крива Паланка, Струга, Демир Хисар и Крушево.

Активности

Потпишани Меморандуми за реализација на граѓанските приоритети 2026-2029 во шест општини

Форумот за граѓански дијалог, преку организациите членки, потпиша Меморандуми за реализација на граѓанските приоритети 2026-2029 со општините Струга, Крива Паланка,...

ПовеќеDetails

Форум за граѓански дијалог и Локалните избори 2025: Граѓански приоритети – резултати од консултативниот процес

Во пресрет и за време на локалните избори 2025 година (септември–октомври), Форумот за граѓански дијалог (ФГД), мрежа на граѓански организации...

ПовеќеDetails

Галерија

Видео

Брошури

ИНФОГРАФИЦИ

Општините и заштитата на личните податоци

Општините и родовата еднаквост

Социјална заштита

Култура

Противпожарна заштита

Транспарентност и отвореност

Општините и енергетската ефикасност

ПРОЕКТИ