Менторска поддршка за родово сензитивно известување
НВО Инфоцентар продолжува со реализација на проектот „Родово сензитивно новинарство за локален медиумски плурализам (РЕМ)”, чија цел е зајакнување на...
ПовеќеDetailsДонатор
Европската Унија
Период
март 2026 – јануари 2027
Проектот „Родово сензитивно новинарство за локален медиумски плурализам (РЕМ)“ настојува да ги зајакне професионалните капацитети на локалните и регионалните медиуми, преку родово сензитивно, етичко и одговорно новинарство. Истовремено ја поттикнува соработката меѓу новинарките и граѓанските активистки, и ја зголемува видливоста на темите за родова еднаквост во локалните заедници.
Овој проект е спроведуван од НВО Инфоцентар, со поддршка од проектот MEdIA–Lit, реализиран од Центарот за граѓанско образование од Црна Гора (CCE/CGO), во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија (HCHRS), Хелсиншкиот комитет за човекови права во Северна Македонија (MHC), Тиранскиот центар за новинарска извонредност во Албанија (TCJE) и Атлантската иницијатива во Босна и Херцеговина (AI). Проектот е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Министерството за регионален и инвестициски развој и соработка со невладини организации на Владата на Црна Гора.
Во рамки на проектот новинарки и граѓански активистки преку обука, менторска поддршка и тимска работа ќе подготват родово сензитивни медиумски содржини релевантни за нивните заедници.
Едновремено, ќе се организираат и информативно-едукативни сесии за родово сензитивно известување во редакциите на вклучените медиуми, ќе се анализираат политиките и практиките за родова еднаквост во локалните и регионалните медиуми, а ќе се изработат и практични алатки за нивно унапредување.
НВО Инфоцентар продолжува со реализација на проектот „Родово сензитивно новинарство за локален медиумски плурализам (РЕМ)”, чија цел е зајакнување на...
ПовеќеDetailsСо петтата, завршна сесија, одржана на 24 јуни 2026 година, успешно го заокруживме циклусот обуки за новинарки и граѓански активистки,...
ПовеќеDetailsНВО Инфоцентар продолжува со реализација на проектот „Родово сензитивно новинарство за локален медиумски плурализам (РЕМ)“, чија цел е зајакнување на...
ПовеќеDetailsВо рамки на проектот „Родово сензитивно новинарство за локален медиумски плурализам (REM)“, НВО Инфоцентарот ја започна серијата од пет онлајн...
ПовеќеDetails© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.