No Result
View All Result
  • English
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Во фокус

Мониторинг: Општините и заштитата на личните податоци

NVO Infocentar од NVO Infocentar
25/11/2024
во Во фокус, Анализи, Проект - Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво, Uncategorized
0
210
СПОДЕЛУВАЊА
1.6k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Законот за заштита на личните податоци се применува во секоја ситуација која подразбира обработка на личните податоци на граѓаните, без разлика дали физичкото односно правното лице што ја врши обработката е од приватниот, државниот или граѓанскиот сектор, притоа водејќи се од концептот на гарантирање на приватноста и личниот интегритет на поединецот.

Државните и јавни институции потребно e да ги применуваат овие прописи за заштита на личните податоци, независно од тоа дали активностите за обработката на личните податоци на физички лица се во хартиена или електронска форма. Во државни и јавни институции влегуваат сите органи на државната и локалната власт и други државни органи, институциите што вршат дејности во областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и други дејности од јавен интерес утврден со закон (агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија, основани од Република Северна Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје).

Законот нуди рамка според која треба да се обработуваат личните податоци на физичките лица и гарантира дека тие се обработуваат во соодветен минимален обем, односно не се бараат повеќе податоци отколку што се потребни. Исто така, физичките лица имаат право да знаат, кој и зошто ги обработува нивните лични податоци, кои лични податоци се обработуваат, колку долго се чуваат и др. Дополнително, законот  обврзува податоците да се чуваат само до рокот кој е неопходен да се постигне целта, а потоа треба да бидат уништени. Секое правно или физичко лице кое собира лични податоци мора да преземе соодветни технички и организациски мерки, односно да ги заштити податоците со најсовремени алатки кои му стојат на располагање.

Имајќи го предвид ова, НВО Инфоцентарот, со партнерските организации Спектар од Крива Паланка, Граѓанска иницијата на жени од Свети Николе, Организација на жени од Струмица и Активо од Велес, во периодот јуни – септември 2024 година, реализираше мониторинг на спроведувањето на Законот за заштита на личните податоци на локално ниво. Целта на мониторингот беше да добиеме слика за тоа, дали општините ги имаат основните документи/политики за заштита на личните податоци, во согласност со законот. Мониторингот опфати шест општини – Куманово, Велес, Струмица, Крива Паланка, Свети Николе и Лозово.

Мониторинг се реализираше во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, финансиски поддржан од меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.

Клучни наоди

Мониторингот покажа дека спроведувањето на Законот за заштита на личните податоци од аспект на постоење основни политики и процедури (назначување офицер за заштита на личните податоци, политика за воспоставување систем за заштита на личните податоци, политика за приватност, политика за користење колачиња на официјалните интернет-страници) на локално ниво се одвива бавно и неусогласено.

– Сите општини имаат назначено офицери за заштита на личните податоци, но само две (Куманово и Крива Паланка) ги имаат објавено на општинските интернет-страници нивните имиња и контакт информациите.

– Ниту една општина нема објавено политика за приватност на својата интернет-страницата. Општина Велес има линк до политиката за приватност, но тој содржи само краток, општ текст во кој општината уверува дека податоците нема да бидат злоупотребени.

– Четири општини (Куманово, Велес, Струмица, Крива Паланка) имаат усвоени политики за воспоставување систем за заштита на личните податоци.

– Две општини (Свети Николе и Лозово) освен офицери за заштита на личните податоци, немаат никакви други политики и процедури за заштита на личните податоци.

– Слична е состојбата и со јавните претпријатија, установите и институциите во надлежност на општините. Голем дел од нив немаат политики за заштита на личните податоци, а немаат дури ни офицери за заштита на личните податоци. Дел од овие ентити немаат ниту свои интернет-страници. но од оние кои имаат, повеќето се уште не објавиле политики за приватност, за користење колачиња, како ни информации за офицерите за заштита на личните податоци.

– Анализата на интернет-страниците покажа дека информациите кои се однесуваат на заштитата на личните податоци многу често не се комплетни, не се лесно достапни и не се пребарливи.

– Општина Куманово има политика за воспоставување систем за заштита на личните податоци и офицер за заштита на личните податоци, но на својата интернет-страница се уште нема објавено политика за приватност и користење колачиња. Единствено достапни се информациите за офицерот за заштита на личните податоци.

– Општина Крива Паланка има донесено повеќе документи, вклучително и политика за создавање систем за заштита на личните податоци. На својата интернет-страница нема објавено политика за приватност и за користење колачиња. Достапни се само информациите за офицерот за заштита на личните податоци.

– Општина Велес има план за заштита на личните податоци, како и двајца офицери за заштита на личните податоци. На својата интернет-страница ги нема објавено информациите и контактите на офицерите за заштита на личните податоци. Постои линк до политика за приватност, но тој содржи само краток, општ текст со уверување дека личните податоци нема да бидат злоупотребени. На интернет-страницата поставено е и кратко известување за користење на колачињата.

– Општина Струмица има политика за заштита на личните податоци, а има и назначено офицер и заменик офицер за заштита на личните податоци. Информациите за офицерите не се достапни на интернет-страницата на општината, а не се објавени ниту политика за приватност, ниту политика за користење колачиња.

– Општините Свети Николе и Лозово освен офицери за заштита на личните податоци, немаат никакви други политики за заштита на личните податоци. Информациите за офицерите за заштита на личните податоци не се достапни на интернет-страниците на општините.

Прочитајте ја целосната анализа од мониторингот Општините и заштитата на личните податоци.

Претходен напис

Јавна дебата  „Моќта на комуникацијата за подобро ментално здравје“

Следен напис

Јавна дискусија за граѓанските приоритети во Демир Хисар

Поврзани Написи

Во фокус

Зајакнување на младите преку медиумска писменост и дигитализација

24/02/2025
Анализи

Усогласеност на младинските политики со потребите на младите од самохрани и еднородителски семејства во Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија

17/01/2025
Во фокус

Апликациите за тематската сесија на ПОЛИТЕА „Образование и креирање политики во Западен Балкан“ се отворени!

30/12/2024
Анализи

Компаративна анализа на младинските политики во Западен Балкан

27/12/2024
Во фокус

Форум за граѓански дијалог: Општините и реализацијата на граѓанските приоритети во 2024 година

25/12/2024
Активности

Јавна дискусија за граѓанските приоритети во Крушево

23/12/2024
Следен напис

Јавна дискусија за граѓанските приоритети во Демир Хисар

Препорачани

Во Струмица се одржа првата женска трка „УЧЕСТВУВАМ – ОДЛУЧУВАМ“!

29/10/2022

Младинското учество не им е приоритет на локалните власти

27/12/2022

Најчитани

  • Здружени за активно граѓанство

    674 споделувања
    Share 270 Tweet 169
  • Мониторинг-Општините и субвенциите за граѓаните

    358 споделувања
    Share 143 Tweet 90
  • Отворен е повикот за предлози за младинскиот фонд „Локални младински иницијативи“!

    351 споделувања
    Share 140 Tweet 88
  • АПЛИЦИРАЈТЕ СЕГА ЗА РЕГИОНАЛНАТА ШКОЛА ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО POLITEIA 2023!

    312 споделувања
    Share 125 Tweet 78
  • Мониторинг и интернет анкета: Општините и реализацијата на граѓанските приоритети во 2023 година

    311 споделувања
    Share 124 Tweet 78

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.Се согласувамНе се согласувамПолитика на Приватност