НВО Инфоцентар објавува повик за пријавување тимови составени од една новинарка и една граѓанска активистка, за учество во проектот „Родово сензитивно новинарство за локален медиумски плурализам (РЕМ)“.

Проектот настојува да ги зајакне професионалните капацитети на локалните и регионалните медиуми преку родово сензитивно, етичко и одговорно новинарство. Истовремено, ја поттикнува соработката меѓу новинарките и граѓанските активистки и ја зголемува видливоста на темите за родова еднаквост во локалните заедници.
КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ?
Повикот е наменет за тимови составени од:
– Една новинарка од локален или регионален медиум и
– Една граѓанска активистка од локална или регионална граѓанска организација
Тимовите треба да доаѓаат од иста или блиска локална заедница и да имаат интерес да работат на теми поврзани со родовата еднаквост и јавниот интерес.
ШТО ВКЛУЧУВА УЧЕСТВОТО?
Избраните тимови ќе имаат обврска да:
– учествуваат на онлајн обука за родова еднаквост и родово сензитивно известување;
– тимски да подготват родово сензитивна содржина релевантна за нивната заедница;
– ја објават подготвената содржина во медиумот од кој доаѓа новинарката;
– работат со менторска поддршка во текот на процесот на подготовка на содржината;
– реализираат информативно-едукативна сесија за родова еднаквост и родово сензитивно известување во медиумот во кој работи новинарката.
ШТО ОБЕЗБЕДУВА ПРОЕКТОТ?
- Стручна обука;
- Континуирана менторска поддршка;
- Паричен надомест (хонорар) за секоја членка на тимовите.
ПЕРИОД НА РЕАЛИЗАЦИЈА
Избраните учеснички треба да бидат достапни и активно да учествуваат во периодот мај – ноември 2026 година.
НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Заинтересираните тимови треба да достават работна биографија за секоја од членките и заедничко мотивациско писмо, најдоцна до 25 април 2026 година, на електронска пошта: contact@nvoinfocentar.org.mk, со наслов: GEM_Prijava.
Овој повик е изработен во рамки на проектот „Родово сензитивно новинарство за локален медиумски плурализам (РEM)“, спроведуван од НВО Инфоцентар, со поддршка од проектот MEdIA–Lit, спроведуван од Центарот за граѓанско образование од Црна Гора (CCE/CGO), во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија (HCHRS), Хелсиншкиот комитет за човекови права во Северна Македонија (MHC), Тиранскиот центар за новинарска извонредност во Албанија (TCJE) и Атлантската иницијатива во Босна и Херцеговина (AI). Проектот е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Министерството за регионален и инвестициски развој и соработка со невладини организации на Владата на Црна Гора.






