Промоција на анализата „Кина во македонските медиуми: наративи и влијание“
Во Скопје, на 17 септември 2025, беше промовирана анализата „Кина во македонските медиуми: анализа на наративи и влијание“, изработена од...
ПовеќеDetailsДонатор
Амбасада на САД во РСМ
Период
20 септември 2023 – 19 септември 2024 година
НВО Инфоцентарот спроведува акција која сеопфатно и длабински ќе го мапира и анализира присуството, како и влијанието на кинеската пропагандна содржина во медиумската сфера во Северна Македонија и нејзиното влијание врз мислењето на граѓаните.
Ќе се идентификуваат клучните кинески наративи, нивниот интензитет, клучните актери и извори во медиумите; ќе се открие влијанието на наративите врз перцепцијата и мислењето на граѓаните, како и нивото на свесност и препознавање на таквата содржина.
Во рамки на проектот, НВО Инфоцентарот ќе спроведе длабинска анализа на медиумската содржина (квалитативна и квантитативна), со применета методологија на статистичка обработка на податоците. Истражувањето ќе се потпира на дискурзивни техники на анализа за да ги утврди главните наративи и дискурзивната рамка во која тие функционираат. Истражувањето ќе се состои и од серија длабински интервјуа и дискусии во фокус групи, со граѓани и други релевантни чинители. Откако ќе се подготви извештајот од истражувањето, тој ќе биде интензивно промовиран, и ќе служи како основа за зајакнување на јавната дебата и за подигнување на јавната свест.
Во Скопје, на 17 септември 2025, беше промовирана анализата „Кина во македонските медиуми: анализа на наративи и влијание“, изработена од...
ПовеќеDetailsВестите за Кина вообичаено не се дел од ударните дневни информации во медиумите во С. Македонија, но се континуирано присутни...
ПовеќеDetails© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.