No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Во фокус

Распишан тендерот за доизградба на штипскиот булевар „Партизанска“, по две години од барањето на граѓаните

NVO Infocentar од NVO Infocentar
01/02/2024
во Во фокус, Активности, Проект - Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво
0
168
СПОДЕЛУВАЊА
1.3k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Преземено од #ЛокалАктив

Булеварот „Партизанска“ во Штип во должина од еден километар конечно ќе се изгради, на потегот од Автомото Друштвото (АМД) до населбата Баби. Објавена е тендерската постапка за доизградба на овој булевар, кој има и статус на регионален пат до соседната Општина Карбинци. За реализација на овој капитален проект од буџетот на општината се планирани 2,5 милиони евра. Проектот предвидува ново булеварско решение, со тротоари, осветлување, но и поместување на целата главна и водоводна линија во должина од еден километар.

Овој капитален проект е еден од приоритите од буџетските форуми и ревизијата на реализираните проекти на граѓанските организации Гласен Текстилец и НВО Инфоцентар.

„Булеварот „Партизанска“ е најкритичната точка и една од најлошите слики во нашиот град. Се надевам дека напролет ќе биде веќе видливо работењето на машините, на активностите коишто ќе се превземат за изградба на овој булевар, а ќе значи поголема безбедност во сообраќајот, урбанизирање на потегот меѓу населбите Осми Ноември и Баби“, вели Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Во изминатите две години општинската власт направи два обиди за обезбедување средства за изградба на овој булевар. Едниот обид е преку Јавното претпријатие за државни патишта, а вториот е со издавање на општинската обврзница, но и двата обиди беа неуспешни. Токму поради ова, а во интерес на граѓаните Јорданов вели дека реализацијата на овој капитален проект ќе се решава со пари од општинскиот буџет.

Ова е најнебезбедната сообраќајница и за возилата и за граѓаните, бидејќи во моментов од АМД до новиот кружен тек пешаците одат по пат без тротоарни површини, а нема ниту пак улично осветлување.

На доизградбата на булеварот како приоритет посочија и теренските анкети, кои ги реализираа четири жени анкетарки во рамки на проектот “Граѓанска ревизија 2023”, кој втора година по ред е поддржан од Фондацијата Фридрих Еберт Штифтунг- канцеларија Скопје. За периодот на имплементацијата на проектот, беа изготвени 402 анкети со утврдување на приоритетите и проблемите во реонот. Од анкетата направена со граѓаните, е утврдено дека 98,7% од испитаниците сметаат дека е потребна итна доизградба на овој булевар, за да се осигури поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, како и поголем инфраструктурен развој во тој дел од градот.

Ветувањата на локалната власт се дека овој дел на градот, кој е со најлош изглед, неурбанизиран, преполн со ѓубре и најнебезбеден, ќе биде урбанизиран до крајот на годината.

В.Д.

Претходен напис

Едукативно видео: Важноста на учеството на младите во креирањето политики

Следен напис

Младите од Западен Балкан во процесите на креирање политики

Поврзани Написи

Анализи

План Б(алкан): Млади за реформи

26/01/2026
Активности

Потпишани Меморандуми за реализација на граѓанските приоритети 2026-2029 во шест општини

30/12/2025
Анализи

Граѓаните свесни за загадувањето, но со ограничено знаење за еко-отпечатокот на облеката

25/12/2025
Анализи

Форум за граѓански дијалог и Локалните избори 2025: Граѓански приоритети – резултати од консултативниот процес

23/12/2025
Во фокус

Годишни работни програми: Здружени за активно граѓанство (2022–2025)

22/12/2025
Во фокус

Анкетата: Граѓаните и приоритетите на локално ниво 2025

16/12/2025
Следен напис

Младите од Западен Балкан во процесите на креирање политики

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.