No Result
View All Result
  • English
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Во фокус

Младите од Западен Балкан во процесите на креирање политики

NVO Infocentar од NVO Infocentar
06/03/2024
во Во фокус, Анализи, Проект - Регионален младински дијалог за Европа – RYDE
0
170
СПОДЕЛУВАЊА
1.3k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Истражување за ставовите на граѓанските организации и младите

Истражувањето на политиките за млади и процесите за креирање политики во Западен Балкан, спроведено во рамките на регионалниот проект „Регионален младински дијалог за Европа – RYDE“, дава анализа на актуелните ставови на младинските организации и младите за младинските политики и процесите на креирање политики во регионот. Истражувањето, во периодот од август до октомври 2023 година, се спроведе во: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Фокусот на истражувањето беше да се соберат податоци за ставовите кон постоечките младински политики, ефективноста на тие политики на локално/национално/регионално ниво и приоритетите на маргинализираните младински групи во соодветните политики. Во истражувањето учествуваа и младински граѓански организации и млади поединци (граѓански и политички активисти, креатори на политики, новинари, научници итн.).Истовремено беа спроведени две комплементарни истражувања во сите економии – првото беше насочено на младинските организации преку интервјуа, а второто на широк опсег заинтересирани страни преку онлајн анкета. Беа спроведени вкупно 151 интервју со претставници на граѓански организации од Западен Балкан. По интервјуата следеше онлајн анкета спроведена во текот на октомври и ноември 2023 година. Учествуваа 1.366 млади поединци.

Низ економиите на Западен Балкан се појавуваат заеднички нишки во процената на младинските политики и процесите на креирање политики. Додека граѓанските организации во повеќето земји се вклучени во процесот на креирање политики (при што Албанија покажува најниска стапка на учество од само 28% од интервјуираните граѓански организации кои учествуваат во процесот на креирање политики и Северна Македонија следи со 29,9% од учеството на граѓански организации), младите поединци постојано се соочуваат со ограничено учество во процесот на креирање политики и наидуваат на пречки како што се недоволни ресурси или политичка поддршка.

Ефикасноста на апаратот за креирање политики е заедничка грижа во сите земји од Западен Балкан. Ниту еден процес на креирање политики не покажа ефикасност повисока од 3,2 на скала од 1 до 5, каде што 1 претставува многу лошо, а 5 исклучително добро. Бирократските тешкотии и недостатокот на транспарентност се заеднички пречки кои го попречуваат напредокот.

Ранливите категории млади за сите земји од Западен Балкан ги вклучуваат младите со попреченост, младите од LGBTQ+ заедницата, младите Роми, младите од руралните области, младите припадници на етничките малцински групи и младите од другите маргинализирани заедници. Сите испитаници сметаат дека потребите на овие групи не се правилно и соодветно адресирани со постоечките политики.

Препораките кои произлегуваат од заедничките заклучоци се залагаат за зголемена транспарентност и соработка меѓу државните институции и младинските организации во сите земји од Западен Балкан. Треба да се подобри процесот на креирање политики, со акцент на инклузивноста и рационализирање на процесот. Приоритетот е ставен на препознавање и поддршка на ранливите групи млади , со апел до креаторите на политиките да ги приспособат иницијативите на нивните специфични потреби. Исто така, се препорачува да се поттикне поголемо вклучување на младите во процесите на донесување одлуки, нагласувајќи ја важноста од програмите за обука и зајакнување со цел да се зајакне влијанието на младите во обликувањето на политиките.

Прочитајте повеќе за состојбите во секоја од замијте поединечно во Резимето на извештајот.

Симнете го целосниот текст на Извештајот: Младите од Западен Балкан во процесите на креирање политики.

Истражувањето на политиките за млади и процесите за креирање политики во Западен Балкан е спроведено во рамките на регионалниот проект Регионален младински дијалог за Европа – RYDE, финансиран од Европската Унија. Проектот го спроведува Фондацијата Центар за демократија од Србија во соработка со граѓанските организации (ГО) од Западен Балкан: Академија за европски интеграции и преговори и Центар за младинска акција (Албанија), Иницијатива за стабилност на Косово (Косово*), Мрежа на прогресивни иницијативи (Босна и Херцеговина), Фондација НВО Инфоцентар (Северна Македонија) и Регионална академија за демократски развој (Србија).

Претходен напис

Распишан тендерот за доизградба на штипскиот булевар „Партизанска“, по две години од барањето на граѓаните

Следен напис

Отворен е повикот за предлози за младинскиот фонд „Локални младински иницијативи“!

Поврзани Написи

Во фокус

Зајакнување на младите преку медиумска писменост и дигитализација

24/02/2025
Анализи

Усогласеност на младинските политики со потребите на младите од самохрани и еднородителски семејства во Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија

17/01/2025
Во фокус

Апликациите за тематската сесија на ПОЛИТЕА „Образование и креирање политики во Западен Балкан“ се отворени!

30/12/2024
Анализи

Компаративна анализа на младинските политики во Западен Балкан

27/12/2024
Во фокус

Форум за граѓански дијалог: Општините и реализацијата на граѓанските приоритети во 2024 година

25/12/2024
Анализи

Живееме на “кредит“ од природата – трошиме ресурси колку за пет планети

20/12/2024
Следен напис

Отворен е повикот за предлози за младинскиот фонд „Локални младински иницијативи“!

Препорачани

Неделен #КовидИмунометар: Целосно вакцинирани 38.4% од населението

03/12/2021

Што треба да знаеме за локалните инспектори!!

23/06/2022

Најчитани

  • Здружени за активно граѓанство

    674 споделувања
    Share 270 Tweet 169
  • Мониторинг-Општините и субвенциите за граѓаните

    358 споделувања
    Share 143 Tweet 90
  • Отворен е повикот за предлози за младинскиот фонд „Локални младински иницијативи“!

    351 споделувања
    Share 140 Tweet 88
  • АПЛИЦИРАЈТЕ СЕГА ЗА РЕГИОНАЛНАТА ШКОЛА ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО POLITEIA 2023!

    312 споделувања
    Share 125 Tweet 78
  • Мониторинг и интернет анкета: Општините и реализацијата на граѓанските приоритети во 2023 година

    311 споделувања
    Share 124 Tweet 78

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.Се согласувамНе се согласувамПолитика на Приватност