No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Во фокус

Отворен е повикот за предлози за младинскиот фонд „Локални младински иницијативи“!

NVO Infocentar од NVO Infocentar
08/04/2024
во Во фокус, Активности, Проект - Регионален младински дијалог за Европа – RYDE
0
356
СПОДЕЛУВАЊА
2.7k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Од денеска, 8 април 2024 година, официјално е отворен повикот за предлози за младинскиот фонд „Локални младински иницијативи“, во рамки на проектот „Регионален младински дијалог за Европа – RYDE“, финансиран од Европската Унија.

Младинскиот фонд обезбедува грантови за поддршка на граѓански организации за проекти кои ќе ги подобрат и развијат партиципативните младински политики во заедниците на Западен Балкан, преку поддршка на младински иницијативи и поттикнување активно граѓанство, и учество на младите луѓе во следењето на реформите и политиките кои влијаат на младите во регионот.

На овој повик можат да аплицираат граѓански организации регистрирани во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија.

Предлозите за проекти во рамки на овој повик ќе се доставуваат во постапка во два чекора: прв чекор – фаза на концепт и втор чекор – фаза на целосна апликација.

Краен рок за поднесување концепт е 8 мај 2024 година, до 20:00 часот (по белградско време).

Апликантите мора да аплицираат на англиски јазик, онлајн, на е-пошта: youthfund@centaronline.org

Информативната сесија за овој повик за предлози ќе се одржи онлајн, на 12 април 2024 година, од 12:00 до 13:30 часот (по белградско време). Доколку сте заинтересирани за оваа сесија, ве молиме најдоцна до 11 април 2024 година да го пополните формуларот за учество.

Прашањата кои бараат дополнителни објаснувања за повикот може да се испратат на е-пошта youthfund@centaronline.org, најдоцна до 20 април 2024. Одговорите ќе им бидат единечно испратени на апликантите до 25 април 2024 година.

Подолу можете да ги најдете упатствата за апликантите за грант и прилозите потребни за аплицирање:

Guidelines for applicants_Youth Fund for Local Youth Initiatives

Annex Ia – Concept Note Form

Annex Ib – Full Application Form

Annex II – Detailed Budget

Annex III – Logical framework

Annex IV – Declaration by the Grant Applicant

Annex V – Declaration on partnership by the Associate Partner

Младинскиот фонд „Локални младински иницијативи“ претставува финансиска поддршка на трети страни, односно активност за регрантирање на тригодишниот регионален проект „Регионален младински дијалог за Европа – RYDE“, финансиран од Европската Унија во периодот од 2023 до 2026 година, преку Програмата на ЕУ за граѓанско општество и медиуми за Западен Балкан и Турција 2021-2023 (ИПА III). Проектот RYDE го спроведува Фондацијата Центар за демократија од Србија како водечки партнер во соработка со партнерските граѓански организации од Западен Балкан: Академија за европски интеграции и преговори и Центар за младинска акција (Албанија), Иницијатива за стабилност на Косово (Косово*), Мрежа на прогресивни иницијативи (Босна и Херцеговина), Фондација НВО Инфоцентар (Северна Македонија) и Регионална академија за демократски развој (Србија).

Претходен напис

Младите од Западен Балкан во процесите на креирање политики

Следен напис

Менторска поддршка за руралните жени од Свети Николе

Поврзани Написи

Анализи

План Б(алкан): Млади за реформи

26/01/2026
Активности

Потпишани Меморандуми за реализација на граѓанските приоритети 2026-2029 во шест општини

30/12/2025
Анализи

Граѓаните свесни за загадувањето, но со ограничено знаење за еко-отпечатокот на облеката

25/12/2025
Анализи

Форум за граѓански дијалог и Локалните избори 2025: Граѓански приоритети – резултати од консултативниот процес

23/12/2025
Во фокус

Годишни работни програми: Здружени за активно граѓанство (2022–2025)

22/12/2025
Во фокус

Анкетата: Граѓаните и приоритетите на локално ниво 2025

16/12/2025
Следен напис

Менторска поддршка за руралните жени од Свети Николе

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.