Во соработка со здружението Граѓанска иницијатива на жени – ГИЖ, на 9 април 2024, во Свети Николе се одржа работилница за поддршка и економско зајакнување на жените од руралните средини.
Дванаесет учеснички од светиниколско, претприемачки кои изработуваат плетени производи, органски мармалади/џемови и други производи од рачна изработка, активно учествуваа на работилницата за дизајн и пакување производи во домашни услови.
Преку практична работа има можност да осмислат едноставни пакувања и дизајни на етикети и декларации. Истовремено, добија и практични идеи како да ги промовираат домашните производи.
Работилницата е дел од годишна програма на НВО Инфоцентарот за јакнење на капацитетите на граѓанските организации, која се спроведува преку проектите „Здружени за активно граѓанство“ поддржан од Европската Унија и „Активни граѓани за партиципативна демократија на локално ниво“ поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.