No Result
View All Result
  • English
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Активности

Локалните инспекциски служби бараат независност и ефикасна законска регулатива

NVO Infocentar од NVO Infocentar
29/09/2022
во Активности, Проект - Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните
0
168
СПОДЕЛУВАЊА
1.3k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

 ЕКСПЕРТСКА ДЕБАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР-ПРИДОБИВКИ И ПРЕДИЗВИЦИ

На 29.09.2022 година, во „Холидеј ин“, се одржа експертска дебата за придобивките и предизвиците на локалните инспекциски служби од примената на Законот за инспекциски надзор (ЗИН), на која присуствуваа 100-тина локални инспектори, раководители на сектори и одделенија од општини од сите плански региони, како и експерти од локални и државни институции поврзани со инспекцисиот систем.

Панелисти на дебатата беа: Благоја Гешоски од Инспекцискиот совет на РСМ; Нури Бајрами од Државната комисија за спречување на корупцијата; Бобан Бојковски, раководител на Секторoт за инспекциски надзор – Куманово; Славица Переска, раководителка на Одделението за инспекциски надзор – Велес; Мери Петреска од Државниот инспекторат за земјоделство, Горан Трајчевски, експерт и Ѓорѓи Чукарски од Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочните постапки.

„За првпат во државата се отвора темата за состојбите во локалните служби за инспекциски надзор и не е за изненадување што предизвика огромен интерес кај инспекторите од сите региони. Откривме дека речиси нема општина во која се пополнети сите предвидени инспекторски позиции, ниту пак локалните самоуправи имаат доволно човечки, финансиски и техничко-технолошки капацитети за да организираат ефикасна инспекциска служба на локално ниво“, вели Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентар.

Нехармонизирана и не ретко противречна законска регулатива, загрозен интегритет и ризик од корупција поради „зависноста“ од градоначалниците, недостиг на стручен кадар и финансиски средства, нереализирани постапки,неефектуирани казнени мерки.Ова се главните проблеми и предизвици со кои се соочуваат локалните инспекциски служби, регистрирани на спроведените 16 работилници во сите 8 плански региони во државата. Работилниците се однесуваа на зајакнување на соработката меѓу Инспекцискиот совет и локалните инспектори, како и на дебатата „Како до ефикасна инспекциска служба на локално ниво?“, преку примената на новиот закон за инспекциски надзор и законот за прекршоците, што ги организираше НВО Инфоцентар Скопје, во партнерство со РЦС Спектар Крива Паланка и Центар на заедницата од општина Струга, во рамки на проектот „Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните“, поддржан од Програмата Цивика мобилитас. На работилниците учествуваа околу 200 инспектори кои дискутираа, се едуцираа и разменуваат искуства за пфункционирањето на локалните инспекторати.

Според Регистарот на лиценци за инспектор на Инспекцискиот совет, заклучно со 27.12. 2021 година има вкупно 276 лиценцирани општински инспектори од кои во Вардарскиот регион – 19, во Североисточниот – 20, во Источниот – 24, во Пелагонискиот – 26, во Југоисточниот – 29, Полошкиот – 31, Југозападниот – 39 и најмногу во Скопскиот регион – вкупно 88 локален инспектор,но 36 од нив се во Град Скопје. Дури 19 општини, пак, немаат ниту еден инспектор во својата администрација.Од друга страна, постои и нерамномерна регионална распространетост на локалните инспектори, па така од вкупно 45 видови на инспектори на централно ниво, во општините функционираат инспекциски надзори во само 10 области. Притоа, 2/3 се градежни, комунални и инспектори за животна средина, а останатите сектори или немаат воопшто или имаат само неколкумина на ниво на цела држава.

Покрај недостигот на стручен кадар, испреплетувањето на надлежностите,законските недоследности и противречности, уште повеќе им ја отежнуваат работата на локалните инспектори. Иако, со новиот закон за инспенциски надзор,донесен на 30 ноември 2019 година, се решава дел од овие проблеми, сепак потребно е усогласување со корпус од 170 материјални закони што уште не е завршено.

„Има многу законски недоследности, нема добар систем, а ние излегуваме главни виновници. Од нас се очекува да ги решиме сите можни неправилности, а немаме јасно предвидени надлежности за тоа.Како резултат на нефункционалноста на законските решенија и на казнените мерки, во Куманово во 2019 година од поднесени вкупно 63 прекршоци, нереализирани се дури 50 случаи, а во 2020 година од 37 поведени постапки реализирани се само десетина“, посочува Бобан Бојковски, раководител на Секторот за инспекциски надзор во Куманово.

Инспекторите сежалат и дека се соочуваат со големи ризици при вршењето на работата , често се изложени на закани, па дури и напади, заради што постои слаб интерес за извршување на оваа работна позиција. Сепак, за нив најголем проблем е што се назначени од градоначалникот и нему директно му одговараат, заради што,често се наоѓаат во „маѓепсаниот круг“ на политичките и бизнис влијанија, од една, и законите, граѓаните и јавниот интерес од друга страна. И тоа поради фактот што општините, во исто време, се и даватели на услуги и вршат инспекциски надзор над тие услуги.

„На пример, комуналниот инспектор треба да ги контролира комуналните претпријатија каде како основачи се јавуваат општините. И тука се јавува судир на интереси-инспекторот кој е назначен и одговара пред општината треба да постапува против сопствената општина. Тоа повлекува ризик од влијанија, условувања, реперкусии што се на штета на инспекторите“, вели Бранко Велиновски, раководител на Одделението за инспекциски надзор во Крива Паланка.

Благоја Гешоски член на Инспекцискиот совет и Мери Петреска од Државниот инспекторат за земјоделство, кои ги водеа работилниците, истакнуваат дека инспекторите се уште се недоволнообучени за примена на законот за инспекциски надзор и неговата поврзаност со другите законски решенија , особено со законот за прекршоци, како битен елемент за реализација на постапките. Инспекторите се согласуваат дека им е неопходна обука, обезбедување на менторство и ја поздравуваат одлуката кандидатите да поминат едногодишна подготовка за добивање на лиценца.

„Како инспектори тешко ни е сами да организираме обуки, иако имаме средства за тоа. Затоа, се договараме со општина Куманово и уште неколку општини да распишеме заеднички тендер за усовршување од областа на инспекцискиот надзор и поефикасни локални служби“, вели Славица Переска, раководител на Одделението за инспекциски надзор во Велес.

309213001_5779786338740824_2846887077685792020_n

На работилниците беа дадени предлози локалниот инспекциски надзор да се спроведува преку независна инспекциска служба. Има размислувања и за формирање независна национална или регионална агенција, надвор од ингеренциите на локалната власт.Новиот модел треба да овозможи локалните инспекциски служби да бидат целосно независни, функционални и ефикасни за заштита на интересите на граѓаните и на заедницата.

Во тек е и анализа на постоечката законска регулатива за детектирање на потребни измени и дополнувања кои се неопходни за да се направат суштински реформи за ефикасни локални инспекциски служби. Истовремено, се одвиваат и инфо денови „Запознај го твојот инспектор“, со цел граѓаните да се запознаат со надлежностите на инспекторатите и нивната работа.

Генерален заклучок од експертската дебата е дека измените на ЗИН треба да се носат во пакет со останатите закони, кои ја опфаќаат инспекциската област, за да се заштити јавниот интерес и да се обезбеди брзо и ефикасно остварување на правата на граѓаните.И од ДКСК препорачаа да се подобри законската рамка за прецизно да се одредат надлежностите на инспекциските служби, а Државниот управен инспекторат да спроведе континуиран инспекциски надзор во ЕЛС за исполнување на законската обврска за вработување на овластени инспектори.

Претставниците на Државниот инспекторат за локална самоуправа побараа сите забелешки и заклучоци да бидат доставени до Работната група на оваа институција за да бидат земени предвид при предлагањето на нови законски решенија.

Експертската дебата беше оганизирана од НВО Инфоцентар и партнерските организации РЦС„Спектар“ Крива Паланка и Центарот на заедницата на општина Струга, во рамките на проектот „Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните, поддржан од Цивика Мобилитас.

Претходен напис

Истражување: Предности и недостатоци на локалниот инспекциски надзор

Следен напис

Јавна дебата за алтернативни простори за култура во Крива Паланка

Поврзани Написи

Во фокус

Зајакнување на младите преку медиумска писменост и дигитализација

24/02/2025
Активности

Јавна дискусија за граѓанските приоритети во Крушево

23/12/2024
Активности

Форум за граѓански дијалог: Дебата за граѓанските приоритети во Штип

23/12/2024
Активности

Крива Паланка: Локалната култура во сенка на глобалните трендови меѓу младите

20/12/2024
Анализи

Живееме на “кредит“ од природата – трошиме ресурси колку за пет планети

20/12/2024
Во фокус

Вештачката интелигенција како поддршка за граѓаните и заедницата

19/12/2024
Следен напис

Јавна дебата за алтернативни простори за култура во Крива Паланка

Препорачани

Партнерства за промовирање и поттикнување на економското зајакнување на жените од рурални средини

13/10/2023

Граѓаните и локалните инспектори заеднички ќе ги решаваат проблемите

21/07/2022

Најчитани

  • Здружени за активно граѓанство

    674 споделувања
    Share 270 Tweet 169
  • Мониторинг-Општините и субвенциите за граѓаните

    358 споделувања
    Share 143 Tweet 90
  • Отворен е повикот за предлози за младинскиот фонд „Локални младински иницијативи“!

    351 споделувања
    Share 140 Tweet 88
  • АПЛИЦИРАЈТЕ СЕГА ЗА РЕГИОНАЛНАТА ШКОЛА ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО POLITEIA 2023!

    312 споделувања
    Share 125 Tweet 78
  • Мониторинг и интернет анкета: Општините и реализацијата на граѓанските приоритети во 2023 година

    311 споделувања
    Share 124 Tweet 78

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.Се согласувамНе се согласувамПолитика на Приватност