No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Активности

ФГД: Трибина со кандидатите за градоначалници и граѓаните во Крушево

NVO Infocentar од NVO Infocentar
16/10/2025
во Активности, Проект - Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво
0
160
СПОДЕЛУВАЊА
1.2k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Младинскиот културен центар од Битола, членка на Форумот за граѓански дијалог (ФГД), на 15 октомври во Крушево, организираше јавна трибина граѓаните и кандидатите за градоначалници во општина Крушево.

На трибината беа присутни тројца од четворицата кандидати, и тоа Зоран Јанески од политичката партија Левица, Томе Христоски од коалицијата за локални избори 2025 година предводена од СДСМ и Нико Чонески од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кои ги презентираа своите планови и ветувања за развој на Крушево.

Во присуство на 49  граѓани од различни возрасни групи, се разговарашеза најважните локални прашања: инфраструктура и сообраќај, водоснабдување и управување со водата, локален економски развој, млади и младински политики, и подобрување на условите во училиштата. Дискусијата беше содржинска, а на моменти преминуваше во дебата помеѓу кандидатите за нивните излагања.

Кандидатите имаа и несогласувања за моменталните состојби во општина Крушево во однос на фазите на подготовка, сегашна и идна реализација на одредени проекти поврзани со темите/приоритетите кои беа дефинирани за јавната трибина. На пример, такви прашања ба уличната мрежа, отворањето на младинскиот центар, пристапот за развој на индустриската зона (приоритети на интервенција), загубите на вода во водоводниот систем, приоритетни области (населени места) во регионот на Крушево за подобрување на условите во училиштата (основните и средното).

Кандидатите се согласија дека граѓанските приоритети треба да се најдат во листата на проекти и интервенции на идниот градоначалник. Сите присутни кандидати потврдија дека доколку станат градоначалник на Општина Крушево ќе се залагаат за реализација на овие приоритети ќе бидат дел од нивното работење.

Настанот е дел од проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, спроведуван од НВО Инфоцентар, во партнерство со Младински културен центар – Битола, со поддршка од Меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.

Претходен напис

Одржана трибина со кандидатите за градоначалници и носители на советнички листи во Крива Паланка

Следен напис

ФГД: Трибина со кандидатите за градоначалници и граѓаните во Струга

Поврзани Написи

Активности

Потпишани Меморандуми за реализација на граѓанските приоритети 2026-2029 во шест општини

30/12/2025
Анализи

Граѓаните свесни за загадувањето, но со ограничено знаење за еко-отпечатокот на облеката

25/12/2025
Анализи

Форум за граѓански дијалог и Локалните избори 2025: Граѓански приоритети – резултати од консултативниот процес

23/12/2025
Во фокус

Годишни работни програми: Здружени за активно граѓанство (2022–2025)

22/12/2025
Во фокус

Анкетата: Граѓаните и приоритетите на локално ниво 2025

16/12/2025
Активности

Изложба на фотографии на лицата од трето доба

08/12/2025
Следен напис

ФГД: Трибина со кандидатите за градоначалници и граѓаните во Струга

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.