Програмата „Здружени за активно граѓанство“ на НВО Инфоцентар, поддржана од Европската Унија, континуирано соработува и ги охрабрува локалните граѓански организации (ГО) да ги развиваат нивните капацитети за мобилизација, застапување и одржлив развој. Едновремено ги поддржува нивните напори да го прошират и зајакнат своето влијание.
Користењето на алатките на вештачката интелигенција (ВИ) може да е од голема помош за граѓанските организации. Едновремено, користењето на ВИ алатките може да ја направи секојдневната работа на граѓанските организации полесна, побрза и поефикасна.
Истражете ги можностите што ви ги нуди ВИ и почнете да ги користите веднаш!
Кампања #ВИзаГО
Вештачката интелигенција – или скратено, ВИ – веќе не е само технологија на иднината, туку алатка која може да донесе големи придобивки за граѓанските организации. Со вклучувањето на ВИ во секојдневната работа, организациите може да го зголемат своето влијание во заедницата.
Вештачката интелигенција му дава многу можности на граѓанскиот сектор, но исто така, носи, и голема одговорност и серозни предизвици. Како што се зголемува употребата на ВИ, така се зголемува и потребата од етички стандарди и регулација. Многу аспекти на ВИ се сѐ уште нејасни и се наоѓаат во таканаречената „сива зона“.
Во време кога граѓанските организации во својата работа сè повеќе се потпираат на вештачката интелигенција, сајбер-безбедноста станува сè поважна. Кога користите ВИ алатки, треба да внимавате што внесувате како податоци и како ги користите.
Вештачката интелигенција е интегрирана во многу алатки кои можат да бидат корисни за граѓанските организации. Во видеото се опфатени бесплатни и достапни алатки, но и некои платени, кои можат да ја зголемат ефикасноста во работењето.
Социјалните мрежи се одлично место граѓанските организации да ја пренесат својата порака до поголема и разновидна публика. Адаптирањето на вашите објави за секоја платформа со помош на најразлични ВИ алатки може значително да ја зголеми видливоста и влијанието на вашите пораки.
Дали знаете дека можете да ја „научите“ ВИ-алатката како да биде поефикасна за вашата организација? Ова е познато како промпт-инженерство – начин на кој ја наведувате ВИ алатката да ви даде токму тоа што ви е потребно.
Кампањата #ВИзаГО е поддржана од Европската Унија. Содржината на видеата е единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.