На 25 октомври 2025, во светиниколското село Мустафино се одржа теренска работилница за размена на автохтони и традиционални сорти семиња меѓу жените од руралните средини од Свети Николе, Дебар и Гостивар. Улогата на жените од руралните средини во зачувување на традицијата и одржливото производство е голема и дава значаен придонесот во развојот на локалните заедници.
На настанот учествуваа 40 жени: 29 жени од 7 женски кружоци (Мустафино, Ерџелија, Амзабегово, Пеширово, Црнилиште, Сопот, Горобинци) од општина Свети Николе, 4 жени од 4 женски кружоци од општина Лозово, и 3 жени од Радика Де од Дебар и 4 жени од Моја Фарма од Гостивар.
Жените имаа можност да посетат насади со органски пипер, домат и луцерка. Работилницата ја водеше земјоделката Сузана Димитриевска која ги запозна присутните со начинот на садење и одгледување на насадите, производство и пласман, но и зачувување на автохтоните семиња. Учесничките споделуваа стари сорти семиња и искуства од нивните региони. Настанот го организираа Граѓанската иницијатива на жени ГИЖ Свети Николе, Моја Фарма од Гостивар и Радика Де од Дебар, во рамките на проектот „Здружени за активно граѓанство“ на НВО Инфоцентар, поддржан од Европската Унија.















