Во фокусот на ова истражување беше идентификувањето на доминатните наративи во известувањето на онлајн медиумите за македонско-бугарските односи и и нивното влијание врз перцепциите и ставовите на граѓаните.
Во рамки на истражувањето беа анализирани 192 онлајн медиумски прилози, во периодот од 15 ноември 2021 до 15 февруари 2022 година, а беа организирани и четири фокус групи со граѓани (три во Скопје и една во Битола), во текот на јуни и јули 2022 година.
Анализата ги детектираше следниве доминантни наративи:
– Бугарија продолжува со анти-македонската политика.
– Бугарскиот фашизам наспроти македонскиот-антифашизам.
– Бугарија не го признава македонското малцинство во својата држава.
– Македонската власт е предавничка и некомпетентна.
– Потценување на помирливите настапи и изјави.
Влијанието на наративите врз граѓаните (фокус групи):
1. Недоверба и длабоко чувство на виктимизација
– Длабоко вкоренето чувство на виктимизација.
– Високо ниво на недоверба кон македонската надворешна политика.
– Политичките елити „не треба да бидат марионети на Западот“.
– Политичките елити не се способни да го одбранат „националниот интерес“.
2. Потенцијал за детектирање пропагандни наративи
– Мотивираност и потенцијал за критичко размислување.
– Определен степен на критичка способност за детекција и деконструкција на пропагандни наративи.
– Потенцијал за критичка дистанца кон информациите од „страната“ која се поддржува.