No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Анализи

Промоција на истражувањето „Младите од Западен Балкан во процесите на креирање политики“

NVO Infocentar од NVO Infocentar
30/05/2024
во Анализи, Активности, Проект - Регионален младински дијалог за Европа – RYDE
0
169
СПОДЕЛУВАЊА
1.3k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

НВО Инфоцентарот, денеска, преку платформата Зум ги промовираше клучните наоди и препораки од истражувањето на ставовите на граѓанските организации и младите за процесите на креирање и креираните политики за млади  „Младите од Западен Балкан во процесите на креирање политики“.

Истражувањето  е дел од регионалниот проект „Регионален младински дијалог за Европа – RYDE“ и дава анализа на актуелните ставови на младинските организации и младите за младинските политики и процесите на креирање политики во регионот. Истражувањето, во периодот од август до октомври 2023 година, се спроведе во: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Во периодот од август до октомври 2023 година за потребите на истражувањето беа спроведени вкупно 151 интервју со претставници на ГО од Западен Балкан. По интервјуата следеше онлајн анкета спроведена во текот на октомври и ноември 2023 година. Учествуваа 1.366 млади поединци западнобалканските земји.

Елена Симоноска од НВО Инфоцентар ги презентираше клучните наоди и препораки на ниво на Западен Балкан.

Низ економиите на Западен Балкан се појавуваат заеднички нишки во процената на младинските политики и процесите на креирање политики. Додека ГО во повеќето земји се вклучени во процесот на креирање политики, младите постојано се соочуваат со ограничено учество во процесот на креирање политики и наидуваат на пречки како што се недоволни ресурси или политичка поддршка.

Ефикасноста на апаратот за креирање политики е заедничка грижа во сите економии од Западен Балкан. Ниту еден процес на креирање политики не покажа ефикасност повисока од 3,2 на скала од 1 до 5. Бирократските тешкотии и недостатокот на транспарентност се заеднички пречки кои го попречуваат напредокот.

Сите испитаници сметаат дека потребите на ранливите категории млади (младите со попреченост, младите од LGBTQ+ заедницата, младите Роми, младите од руралните области, младите припадници на етничките малцински групи и младите од другите маргинализирани заедници) не се правилно и соодветно адресирани со постоечките политики.

Детално за состојбите во Северна Македонија говореа истражувачите Александар Стојановски и Мариглен Демири.

Кај нас, истражувањето на младинските организации опфати 25 интервјуа со претставници на различни организации, додека онлајн анкетата собра 251 одговор од млади граѓански и политички активисти, научници и новинари.

Загриженоста за младинските политики се фокусира на нивната општа неефективност и потребата од конкретни закони насочени кон различни младински групи во области како што се вработувањето и културата. Предлозите за подобрување нагласуваат поголемата вклученост на младите, промените во условите за организациска инклузија и создавањето меѓусекторска соработка.

Онлајн испитаниците изразија различни ставови за квалитетот на постоечките младински политики, при што речиси 85% веруваат дека овие политики несоодветно ги задоволуваат потребите на младите. Клучните приоритети што ги идентификуваа вклучуваат вработување, образование, домување, поддршка за ментално здравје и учество на младите.

Додека испитаниците покажаа познавање на процесот на креирање политики, тие бараат зголемена ефикасност и појасни механизми за вклучување на младите активисти. Беа забележани регионални разлики, со поделени мислења за инклузивноста на националните и локалните процеси на креирање политики.

Предизвиците со кои се соочуваат младите активисти вклучуваат недостаток на политичка поддршка, ограничени ресурси и политичка поларизација.

Резултатите ги истакнуваат предизвиците во пејзажот на младинските политики во Северна Македонија, нагласувајќи ја важноста од подобрување на имплементацијата на политиките, поттикнување на секторската соработка и подобрување на механизмите за вклучување на младите во процесот на креирање политики. Наодите ја истакнуваат критичната потреба за приспособени политики кои се однесуваат на различните потреби на младите луѓе и зголемена транспарентност за поефективна имплементација.

Прочитајте повеќе за состојбите во секоја од замијте поединечно во Резимето на извештајот.

Симнете го целосниот текст на Извештајот: Младите од Западен Балкан во процесите на креирање политики.

Истражувањето на политиките за млади и процесите за креирање политики во Западен Балкан е спроведено во рамките на регионалниот проект Регионален младински дијалог за Европа – RYDE, финансиран од Европската Унија. Проектот го спроведува Фондацијата Центар за демократија од Србија во соработка со граѓанските организации (ГО) од Западен Балкан: Академија за европски интеграции и преговори и Центар за младинска акција (Албанија), Иницијатива за стабилност на Косово (Косово*), Мрежа на прогресивни иницијативи (Босна и Херцеговина), Фондација НВО Инфоцентар (Северна Македонија) и Регионална академија за демократски развој (Србија).

Претходен напис

Пријавете се: Тематска сесија ДИГИТАЛНА АГЕНДА „Влијание на дигитализацијата врз младите од Западен Балкан“ – Тирана, јуни 2024

Следен напис

Аплицирајте: Фонд за активни достигнувања за неформални групи

Поврзани Написи

Активности

Промоција на анализата „Кина во македонските медиуми: наративи и влијание“

18/09/2025
Во фокус

Кина во македонските медиуми: Анализа на наративи и влијание

16/09/2025
Активности

Мода со повисока свест: Памук или Синтетика – Што е по еколошко?

12/09/2025
Во фокус

Мода со повисока свест: Што навистина носиме на себе?

10/09/2025
Активности

Работилници за фотографија со лицата од трето доба

29/08/2025
Во фокус

Зборувај. Дејствувај. Активирај се! POLITEIA 2025 – Регионално училиште за млади луѓе кои прават разлика!

02/07/2025
Следен напис

Аплицирајте: Фонд за активни достигнувања за неформални групи

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.