No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Во фокус

Аплицирајте: Фонд за активни достигнувања за неформални групи

NVO Infocentar од NVO Infocentar
12/06/2024
во Во фокус, Активности, Проект - Регионален младински дијалог за Европа – RYDE
0
203
СПОДЕЛУВАЊА
1.6k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Повикот за предлози за Фондот за активни достигнувања за регионални неформални групи е отворен. Фондот е дел од проектот Регионален младински дијалог за Европа (RYDE), финансиран од Европската Унија.

Главната цел на овој повик е да ги зајакне креативните групи во Западен Балкан, особено неформалните, преку обезбедување финансиска поддршка за иницијативи кои имаат за цел:

  • Зголемување на младинскиот активизам во заедниците и учество во структуриран дијалог со носителите на одлуки за јавните политики релевантни за младите;
  • Залагање за усвојување на европските вредности и зајакнување на демократски и одговорни институции;
  • Промовирање на регионалната соработка и политичките, економските и социјалните придобивки од интеграцијата во ЕУ за земјите од Западен Балкан.

Вкупниот расположлив буџет на Фондот за активни достигнувања е 30.000 евра. Регионалните неформални групи можат да аплицираат за финансиска поддршка за проект кој мора да биде помеѓу следниов минимален и максимален износ:

минимален износ: 2.000 ЕУР

максимален износ: 4.000 ЕУР

Само неформални групи имаат право да аплицираат на овој Повик за предлози. Овие групи не се формално регистрирани и имаат ниско ниво на формалност и слаби технички и менаџерски вештини. Повикот е отворен за неформални групи кои спонтано се собрале за да решат проблем во локалната заедница, со приоритет на поединците кои учествуваа во активностите на RYDE како што се Politeia, тематските сесии на Politeia, лаборатории за младински политики и програмата за практикантска работа.

Регионалните групи ќе бидат составени од најмалку 5 млади луѓе на возраст од 16-30 години кои, државјани на најмалку 3 од петте земји од Западен Балкан во кои се спроведува проектот RYDE (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија). Најмалку едно лице од неформалната група мора да биде полнолетно за да се потпише договорот за имплементација на проектот.

Поддршката ќе биде обезбедена преку директни плаќања спроведени од партнерските организации на RYDE кои ќе дејствуваат како посреднички организации за конкретниот проект. Со предлог-проектот, апликантите треба да ја изберат земјата домаќин на проектот која последователно ќе определи која партнерска организација ќе дејствува како организација посредник. Партнерските организации ќе извршат плаќања за направените трошоци според одобрениот мал буџет на проектот.

Земја домаќинГрадПартнерски организацииКонтакт
АлбанијаТиранаЦентар за младинска акцијаinfo@youthact.al
Босна и ХерцеговинаСараевоМрежа за прогресивни иницијативиinfo@mpi.ba
КосовоПриштинаИницијатива за стабилност на Косовоshpresa_demhasaj@iksweb.org
Северна МакедонијаСкопјеНВО Инфоцентарcontact@nvoinfocentar.org.mk
СрбијаНови СадРегионална академија за демократски развојoffice@regionaladd.org

Времетраењето на проектите е до шест месеци.

Избраните неформални групи имаат обврска да ги реализираат своите проекти во периодот од 10 јули 2024 година до 10 јануари 2025 година.

Крајниот рок за поднесување апликации е 2 јули 2024 година во 20:00 часот по средноевропско време.

Кандидатите треба да аплицираат на англиски јазик и да ги достават своите апликации електронски на е-поштата:

shpresa_demhasaj@iksweb.org

brikene_hoxha@iksweb.org

info@iksweb.org

Подолу можете да ги најдете Упатството за регионални неформални групи и Анексите потребни за апликацијата за проектот.

  • Guidelines for regional informal groups_Active Achievement Fund for Regional Informal Groups 2024
  • Annex I – Application Form
  • Annex II – Budget Proposal
  • Annex III – Statement

Фондот за активни достигнувања за регионални неформални групи претставува финансиска поддршка на трети страни, односно активност за регрантирање на тригодишниот регионален проект „Регионален младински дијалог за Европа – RYDE“, финансиран од Европската Унија во периодот од 2023 до 2026 година, преку Програмата на ЕУ за граѓанско општество и медиуми за Западен Балкан и Турција 2021-2023 (ИПА III). Проектот RYDE го спроведува Фондацијата Центар за демократија од Србија како водечки партнер во соработка со партнерските граѓански организации од Западен Балкан: Академија за европски интеграции и преговори и Центар за младинска акција (Албанија), Иницијатива за стабилност на Косово (Косово*), Мрежа на прогресивни иницијативи (Босна и Херцеговина), Фондација НВО Инфоцентар (Северна Македонија) и Регионална академија за демократски развој (Србија).

Претходен напис

Промоција на истражувањето „Младите од Западен Балкан во процесите на креирање политики“

Следен напис

Специјализирана обука за граѓански организации за практична примена на заштитата на лични податоци

Поврзани Написи

Во фокус

Трета регионална лабораторија за млади, медиумска писменост и дигитализација

23/05/2025
Во фокус

Зајакнување на младите преку медиумска писменост и дигитализација

24/02/2025
Анализи

Усогласеност на младинските политики со потребите на младите од самохрани и еднородителски семејства во Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија

17/01/2025
Во фокус

Апликациите за тематската сесија на ПОЛИТЕА „Образование и креирање политики во Западен Балкан“ се отворени!

30/12/2024
Анализи

Компаративна анализа на младинските политики во Западен Балкан

27/12/2024
Во фокус

Форум за граѓански дијалог: Општините и реализацијата на граѓанските приоритети во 2024 година

25/12/2024
Следен напис

Специјализирана обука за граѓански организации за практична примена на заштитата на лични податоци

Препорачани

Живееме на “кредит“ од природата – трошиме ресурси колку за пет планети

20/12/2024

Граѓанските приоритети и новите локални власти

28/12/2021

Најчитани

  • Здружени за активно граѓанство

    674 споделувања
    Share 270 Tweet 169
  • Мониторинг-Општините и субвенциите за граѓаните

    359 споделувања
    Share 144 Tweet 90
  • Отворен е повикот за предлози за младинскиот фонд „Локални младински иницијативи“!

    352 споделувања
    Share 141 Tweet 88
  • АПЛИЦИРАЈТЕ СЕГА ЗА РЕГИОНАЛНАТА ШКОЛА ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО POLITEIA 2023!

    312 споделувања
    Share 125 Tweet 78
  • Мониторинг и интернет анкета: Општините и реализацијата на граѓанските приоритети во 2023 година

    311 споделувања
    Share 124 Tweet 78

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.Се согласувамНе се согласувамПолитика на Приватност