No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Анализи

Проблеми и приоритети на жителите во општина Центар

NVO Infocentar од NVO Infocentar
12/12/2022
во Анализи, Активности
0
164
СПОДЕЛУВАЊА
1.3k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

НВО Инфоцентарот, како членка на Форумот за граѓански дијалог (ФГД), од 15 до 25 ноември 2022 година, спроведе онлајн анкета за жителите на општина Центар.

Анкетата имаше цел да ги детектира најголемите проблеми со кои се соочуваат жителите на оваа скопска општина, како и да го сондира мислењето на граѓаните за клучните приоритети во нивната локална заедница, на кои општинската власт треба да работи во наредниот период.

За потребите на сондажата на јавното мислење беше подготвен структуриран прашалник, врз основа на детектираните проблеми и приоритети од онлајн анкетата и консултациите со граѓаните на општина Центар во 2021 година, пред одржувањето на локалните избори. Aнонимниот онлајн анкетен прашалник го пополнија вкупно 823 испитаници, жители на општина Центар.

Поврзани написи

Младинското учество не им е приоритет на локалните власти

МИНИ ПРИРАЧНИК ЗА МАКСИМУМ ЕФЕКТ

Клучни наоди од анкетата

  • Во периодот од 15 до 25 ноември 2022 година, анонимниот онлајн анкетен прашалник го пополнија вкупно 823 испитаници.
  • Речиси две третини односно 61.8% од испитаниците се жени.
  • Најбројни (59.3%) се испитаниците на возраст од 36 до 55 години.
  • Високи 81.2% сметаат дека најголем проблем во урбанизмот е прекумерната градба на сметка на јавниот простор.
  • За 73.4% најголем проблем во областа на животната средина, е недостигот од зелени површини и паркови, а веднаш потоа е загадувањето на воздухот (72.7%).
  • Во областа на инфраструктурата, убедливо најголем проблем е недостигот на паркинг места особено за резидентите на општината (71.7%).
  • За 51.9% голем проблем е и лошиот квалитет на сообраќајници, улици и тротоари.
  • За 72.4% најголем проблем во областа на комуналните услуги претставува нехигиента на јавните површини.
  • За 52.7% од „центарци“ исклучително голем проблем претставуваат и уличните кучиња и негрижата за нив.
  • Од аспект на транспарентноста на општинските власт, за 65.9% најголем проблем претставува доминацијата на приватниот над јавниот интерес во издавањето градежни дозволи.
  • Клучни приоритети за 2023 година се: решавање на проблемите со сообраќајот (67.2%), нови паркови и зелени површини (54.3%), подобрување на комуналната хигиена (43.7%).
  • Најефикасна форма на граѓанско учество се јавните расправи (62.2%) и собирите во урбаните заедници (53.1%).
  • Најмалку ефикасна форма на граѓанско учество се буџетските форуми (16.2%).
  • Високи 64.5% би учествувале на средба за клучните проблеми и приоритети во општината, додека негативен одговор дале само 10%.

Прочитајте го целосниот текст на резултатите од Анкетата.

Форумот за граѓански дијалог го сочинуваат девет граѓански организации (НВО Инфоцентар, Центар на заедницата на општина Струга, Гласен Текстилец, Мултикултура, Идеа ЈИЕ, Младински културен центар-Битола, Центар за развој на медиуми, Спектар и Граѓанска иницијатива на жени од Свети Николе) кои со своите активности настојуваат да го поттикнат вклучувањето и учеството на граѓаните во креирањето и спроведувањето политики и услуги на локално ниво.

Оваа сондажа на јавното мислење е реализирана со поддршка на меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска, во рамки на проектот „Граѓанска алијанса за прогресивни промени на локално ниво“.

3

4

2

1

6

5
Претходен напис

Мониторинг: Општините и енергетската ефикасност

Следен напис

Компаративна Анализа на функционалност на комисиите за еднакви можности во Куманово, Струмица, Дебар и Свети Николе

Поврзани Написи

Анализи

Младинското учество не им е приоритет на локалните власти

27/12/2022
Во фокус

МИНИ ПРИРАЧНИК ЗА МАКСИМУМ ЕФЕКТ

20/12/2022
Во фокус

ЛОКАЛНИ ГРАЃАНСКИ ПРИОРИТЕТИ ЗА 2023

20/12/2022
Анализи

Компаративна Анализа на функционалност на комисиите за еднакви можности во Куманово, Струмица, Дебар и Свети Николе

20/12/2022
Проект - Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво

Мониторинг: Општините и енергетската ефикасност

01/12/2022
Активности

Во Општина Чашка започната постапка за формирање на Локален младински совет

03/11/2022
Следен напис

Компаративна Анализа на функционалност на комисиите за еднакви можности во Куманово, Струмица, Дебар и Свети Николе

Препорачани

Континуирана медиумска поддршка за имунизацијата

28/01/2022

Поимник за имунизација против Ковид-19

15/12/2021

Најчитани

  • Младинското учество не им е приоритет на локалните власти

    169 споделувања
    Share 68 Tweet 42
  • ЛОКАЛНИ ГРАЃАНСКИ ПРИОРИТЕТИ ЗА 2023

    168 споделувања
    Share 67 Tweet 42
  • Мониторинг: Општините и енергетската ефикасност

    166 споделувања
    Share 66 Tweet 42
  • МИНИ ПРИРАЧНИК ЗА МАКСИМУМ ЕФЕКТ

    165 споделувања
    Share 66 Tweet 41
  • Проблеми и приоритети на жителите во општина Центар

    164 споделувања
    Share 66 Tweet 41

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • EnglishEnglish

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.