No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Активности

Нови критериуми за поддршка на граѓанските организации во Крива Паланка

NVO Infocentar од NVO Infocentar
22/12/2021
во Активности
0
163
СПОДЕЛУВАЊА
1.3k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email
DSC_0348-1

На 22 декември 2021 година, РЦС „Спектар“, во соработка со НВО Инфоцентар, организираше средба на граѓанските организации со претставници од Општина Крива Паланка на која се разговараше за заедничката соработка и поддршка од локалната самоуправа.

DSC_0340-1

Мартин Николовски, раководител на Секторот за општи и правни работи, финансиски прашања и локален економски развој и Антонио Давитковски, раководител на Одделението за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија,ги информираа претставниците на граѓанскиот сектор за новите критериуми за поддршка кои општината ги планира во наредните три години.

Новина е што од наредната 2022 година наместо годишна програма за поддршка на граѓански здруженија и фондации со определен буџет, соработката со граѓанскиот сектор ќе се реализира во рамки на проектот „ReLOaD 2“ на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), кој ќе се имплементира во следните три години, односно до 2024 година. Проектот предвидува финансиската поддршка за зајакнување на граѓанското учество со имплементирање на активности и проекти што се од интерес на локалната заедница. Претставниците на општината посочија дека акцентот ќе биде ставен на градење и зајакнување на капацитетите на граѓанските организации, обезбедување на менторство и логистичка поддршка за успешно вклучување и спроведување на овој процес. Беше најавена и начелна децентрализација на Програмата за култура и преотстапување на организирањето културни настани на граѓанските здруженија, со поддршка на општината.

DSC_0354

Претставниците на граѓанските организации ги поздравија новините во видот на соработката, но побараа и поголема поддршка при реализацијата и исполнувањето на новите критериуми за едукација и проектна реализација.

Настанот е дел од проектот “Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“ поддржан од Меѓународниот центар “Улоф Палме“.

Претходен напис

Лекарите и новинарите за процесот на имунизација против КОВИД-19 во државава

Следен напис

Општините и имунизацијата против КОВИД – 19

Поврзани Написи

Активности

Промоција на анализата „Кина во македонските медиуми: наративи и влијание“

18/09/2025
Активности

Форум за граѓански дијалог: Регионална средба со мрежата ПОП од Албанија

15/09/2025
Активности

Мода со повисока свест: Памук или Синтетика – Што е по еколошко?

12/09/2025
Во фокус

Мода со повисока свест: Што навистина носиме на себе?

10/09/2025
Активности

Работилници за фотографија со лицата од трето доба

29/08/2025
Во фокус

Зборувај. Дејствувај. Активирај се! POLITEIA 2025 – Регионално училиште за млади луѓе кои прават разлика!

02/07/2025
Следен напис

Општините и имунизацијата против КОВИД – 19

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.