No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Активности

На консултативна средба паланчани ги одбраа клучните граѓански приоритети

NVO Infocentar од NVO Infocentar
06/10/2025
во Активности, Проект - Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво
0
161
СПОДЕЛУВАЊА
1.2k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

На денешната јавна консултативна средба што се одржа во просториите на Градскиот музеј, граѓаните од Општина Крива Паланка ги одредија клучните приоритети што најмногу ги засегаат и претставуваат најитни потреби за решавање во локалната заедницата.

Средбата е дел од иницијативата на Форумот за граѓански дијалог – мрежа на граѓански организации во која членува и РЦС Спектар од Крива Паланка, а локалните приоритети се бираа од следните области: јавни услуги, локален економски развој, партиципативна демократија и добро управување, социјална поддршка, култура и спорт.

-Целта на иницијативата е поттикнување на вклученоста и учеството на граѓаните во креирањето политики и услуги на локално ниво. Приоритетите беа утврдени врз основа на низа претходни консултативни средби со различни целни групи, како: млади, пензионери, бизнис сектор, рурални жени, невработени, граѓани. Во сублимираните приоритетни потреби на граѓаните се вклучени и идентификуваните предлози и проблеми од спроведената онлајн анкета. Овие приоритети ќе им бидат претставени на кандидатите за градоначалници и носители на советнички листи за претстојните локални избори на Јавна трибина што ќе се одржи во петок, 10 октомври, во кино-салата на НУ Центар за култура Крива Паланка, со почеток во 18 часот, информира Методи Цветковски од Регионален центар за соработка “Спектар”, Крива Паланка.

На трибината граѓаните ќе можат да слушнат дали нивните приоритети се дел од програмите на кандидатите за идната локална власт, дали планираат да ги реализираат и на кој начин би ги решиле.

Консултативната средба ја организираше РЦС Спектар Крива Паланка, подржана од НВО Инфоцентар, во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, финансиран од Улоф Палме и Шведската амбасада.

Извор: МИА

Претходен напис

Консултативна средба со граѓаните во Свети Николе за клучните граѓански приоритети

Следен напис

Граѓаните на Штип ги дефинираа своите приоритети

Поврзани Написи

Анализи

План Б(алкан): Млади за реформи

26/01/2026
Активности

Потпишани Меморандуми за реализација на граѓанските приоритети 2026-2029 во шест општини

30/12/2025
Анализи

Граѓаните свесни за загадувањето, но со ограничено знаење за еко-отпечатокот на облеката

25/12/2025
Анализи

Форум за граѓански дијалог и Локалните избори 2025: Граѓански приоритети – резултати од консултативниот процес

23/12/2025
Во фокус

Годишни работни програми: Здружени за активно граѓанство (2022–2025)

22/12/2025
Во фокус

Анкетата: Граѓаните и приоритетите на локално ниво 2025

16/12/2025
Следен напис

Граѓаните на Штип ги дефинираа своите приоритети

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.