Во рамки на иницијативата на Форумот на граѓански дијалог, Граѓанска иницијатива на жени ГИЖ Свети Николе, одржа консултативна средба со граѓани и граѓанки на која беа идентификувани најважните локални приоритети што ги засегаат сите граѓани: јавни услуги, локален економски развој, локална демократија и добро управување, социјала, здравство спорт.
Цел на средбата е граѓаните директно да ги постават овие приоритети пред кандидатите за градоначалници.
Досега вакви консултативни средби се одржаа и со преставници на различни групи : жени од руралните средини, млади и повозрасни граѓани, вработени и невработени, лица со посебни потреби- со цел нивните приоритетни потреби да станат дел од општинските локални програми.
Консултативната средба ја организираше Граѓанска иницијатива на жени ГИЖ Свети Николе, подржана од НВО Инфоцентар, во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, финансиран од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.









