НВО Инфоцентарот, во периодот од 1 март до 2 април 2021 (во работни денови, понеделник – петок), го набљудуваше известувањето на медиумите за Пописот 2021. Во мониторингот беа вклучени 9 медиуми: 4 информативни портали (Плусинфо, Фронтлајн, Курир и 360 Степени) и централните вести на 5 национални телевизии, вклучително и јавниот радиодифузен сервис – МРТ1, Телма, Сител, Алфа и Аласт М (вестите на македонски јазик).
Главната цел на мониторингот е следење на начинот на кој медиумите известуваат за пописот и како тоа влијае врз информираноста на граѓаните и нивното учествување во пописниот процес. Мониторингот треба да утврди дали граѓаните се квалитетно и сеопфатно информирани за пописот и какво влијание врз пописот имаат институциите и политичките субјекти во државата.
Клучни наоди
– Во известувањето за пописот доминираа политичко-партиските реакции со високи 60.5% од објавите, додека прилозите посветени на конкретните пописни активности беа застапени со само 22.2%.
– Овие бројки ја потврдуваат изразената политизација на пописот во медиумите која прогресираше од недела во недела, за својата кулминација да ја достигне во деновите по лидерската средба (29 март – 2 април), кога се очекуваше Собранието да ги изгласа измените на законот и да го одложи пописот за септември годинава.
– Државниот завод за статистика (ДЗС), институција законски надлежна за подготовка и спроведување на пописот, како извор на информации беше застапен во само 22% од вкупниот број анализирани медиумски содржини.
– Нискиот процент на користење на ДЗС како извор на информации претставува јасен индикатор за уредничкиот приод, кој од една страна, ги маргинализира службените информации за пописот, а од друга страна, става поголем акцент на политичко/ партиските влијанија и импликации врз пописниот процес.
Доминатнитеми и аспекти поврзани со Пописот 2021:
– Постепено се развија два клучни, но спротивставени наративи: (а) Одржувањето на пописот е безбедно за попишувачите и граѓаните, застапуван од власта и институциите вклучени во изведувањето на пописот, и (б) Пописот е сериозен здравствен ризик, стојалиште на опозициските политички субјекти и на дел од граѓанските иницијативи за бојкот на пописот.
– Втората клучна тема беше пописот на дијаспората кој започна на 1 март. Во дел од мониторираните медиуми наклонети кон опозицијата, се развиваше наративот дека „албанските политичари многу поактивно ги мотивираат етничките Албанци од дијаспората да се вклучат во онлајн попишувањето, за разлика од етничките Македонци во власта“.
– Во делот на медиумската поддршка за одржување на пописот, забележителна присутност имаше и наративот дека „пописот е статистичка операција од јавен интерес која не треба да се политизира“.
Прочитајте го интегралниот текст на мониторингот :
I Извештај од мониторинг на медиуми – Попис 2021
The NGO Info-center, in the period from March 1 to April 2, 2021 (on working days, Monday – Friday), monitored the media coverage of the Census 2021. The monitoring included 9 media: 4 information portals (Plusinfo, Frontline, Kurir and 360 Degrees). ) and the central news on 5 national televisions, including the public broadcasting service – MRT1, Telma, Sitel, Alfa and Alast M (news in Macedonian).
The main goal of the monitoring is to monitor the way the media report on the census and how it affects the information of the citizens and their participation in the census process. The monitoring should determine whether the citizens are qualitatively and comprehensively informed about the census and what is the impact from institutions and political entities in the country on the census.
Key findings
– The reporting on the census was dominated by political-party reactions with a high 60.5% of the announcements, while the articles dedicated to the specific census activities were represented with only 22.2%.
– These figures confirm the pronounced politicization of the census in the media, which progressed from week to week, to reach its culmination in the days after the leadership meeting (March 29 – April 2), when the Assembly was expected to vote on amendments to the law and postponed the census for September this year.
– The State Statistical Office (SSO), an institution legally responsible for the preparation and implementation of the census, as a source of information was represented in only 22% of the total number of analyzed media content.
– The low percentage of using the SSO as a source of information is a clear indicator of the editorial approach, which on the one hand, marginalizes the official information about the census, and on the other hand, puts more emphasis on political / party influences and implications on the census process.
Dominant topics and aspects related to the 2021 Census:
– Two key but conflicting narratives have gradually developed: (a) The census is safe for enumerators and citizens, represented by the government and the institutions involved in conducting the census, and (b) The census is a serious health risk, the position of opposition political entities, and some of the civic initiatives to boycott the census.
– The second key topic was the census of the diaspora that started on March 1. In some of the pro-opposition monitored media, the narrative developed that “Albanian politicians are much more actively motivating ethnic Albanians from the diaspora to engage in online census, as opposed to ethnic Macedonians in power.”
– In the part of the media support for the census, there was a noticeable presence of the narrative that “the census is a statistical operation of public interest that should not be politicized.”
Read the full text of the monitoring: