No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Анализи

Младинското учество не им е приоритет на локалните власти

NVO Infocentar од NVO Infocentar
27/12/2022
во Анализи
0
179
СПОДЕЛУВАЊА
1.4k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

МОНИТОРИНГ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ЛОКАЛНИТЕ МЛАДИНСКИ СОВЕТИ

Собранието на Република Северна Македонија во јануари 2020 година го донесе Законот за младинско учество и младински политики . Целта на зконот е поголема вклученост на младите во донесувањето одлуки преку национално собрание на млади, преку локални младински совети и собранија, но и генерално, да се овозможат повеќе сервиси за младите.

Со Законот се обезбедува креирање и спроведување политики за млади на сите нивоа, преку секторски пристап, преку зајакнување на младинското учество во процесите на креирање политики, поттикнување на волонтерството, младинскиот активизам и младинската работа, како и личен, професионален и социјален развој кај младите. Законот нормира дека Владата на централно и општините на локално ниво се задолжени да донесат стратегии за млади. Општините се должни да имаат службеник за млади, како и да отворат канцеларија за млади и младински центар.

Процедурата за отворање младински центри и обезбедување на нивниот квалитет е подетално уредена со Правилник за стандарди за квалитет на младинските центри , што го донесе Агенцијата за млади и спорт.

НВО Инфоцентарот со партнерските организации Спектар од Крива Паланка, Мајка од Куманово, Граѓанска иницијатива на жени од Свети Николе, Организација на жени од Струмица, АКТИВО од Велес, ЦЕД од Теарце и ЗЕУКС Тритон од Маврово и Ростуше, во периодот октомври – ноември 2022 година, спроведе мониторинг на активностите на општините за да се утврди колку од законските обврски на општините се реализирани.

Мониторингот опфати седум општини: Куманово, Велес, Струмица, Крива Паланка, Свети Николе, Теарце, Маврово и Ростуше. На општините беше доставено детално барање за пристап до информации од јавен карактер. Добиените податоци и документи беа анализирани, вклучително со мониторинг и анализа на информациите објавени на интернет-страниците на општините. За потребите на мониторингот беа спроведени и интервјуа со претставници на општините и младинските организации.

Клучни наоди:

  • Вклучувањето на младите не е висок приоритет за општините и повеќето доцнат со реализацијата на законските обврски. Или со други зборови, младинското учество во општините е сè уште во зародиш.
  • Иако според законот, општините требаше да имаат локални младински совети до јануари 2021 година, во три (Куманово, Струмица и Велес) од седумте мониторирани општини сè уште не е формиран локален младински совет, или пак, тој е се уште во фаза на формирање.
  • Слична е состојбата и со формирањето младински центри, кои според Законот за младинско учество и младински политики треба да бидат формирани најдоцна до 2024 година.
  • Во некои општини сè уште нема отворено канцеларија за млади.
  • Во некои општини локалните младински совети, сè уште се формирани како комисија на советот на општината, а не според новиот закон за младинско учество и младински политики
  • Активностите на постојните локални младински совети се срамежливи и во текот на една година реализираат само неколку активности.
  • Локалните младински совети не доставуваат до советите на општините, никакви иницијативи за поголемо младинско учество и вклучување..
  • Општините главно ја испочитувале обврската да назначат службеник за млади, но во дел од нив, службеникот не одржал ниту една средба со младите од општината.
  • Во најголемиот дел од седумте мониторирани општини не се почитува обврската за малдите да се издвојува 0,1% од општинскиот буџет.
  • Општините би требало во просек да трошат (минимум) околу 600 илјади денари годишно за спроведување на годишната програма за млади.
  • Речиси сите општини доцнат со донесување стратегија и акциски план за млади.
  • Општините не водат родово разделена статистика во процесите на планирање на мерките и на алокација на буџетските средства за поддршка на младите.

Прочитајте го целосниот текст на мониторингот Функционирање на локалните младински совети.

Овој мониторинг се реализира во рамките на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, финансиски поддржан од меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.

Претходен напис

МИНИ ПРИРАЧНИК ЗА МАКСИМУМ ЕФЕКТ

Следен напис

Истражување: Пропагандните наративи за војната во Украина и за македонско-бугарските односи

Поврзани Написи

Во фокус

Кина во македонските медиуми: Анализа на наративи и влијание

16/09/2025
Анализи

Усогласеност на младинските политики со потребите на младите од самохрани и еднородителски семејства во Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија

17/01/2025
Анализи

Компаративна анализа на младинските политики во Западен Балкан

27/12/2024
Во фокус

Форум за граѓански дијалог: Општините и реализацијата на граѓанските приоритети во 2024 година

25/12/2024
Анализи

Живееме на “кредит“ од природата – трошиме ресурси колку за пет планети

20/12/2024
Анализи

Мониторинг: Општините и родовата еднаквост

20/12/2024
Следен напис

Истражување: Пропагандните наративи за војната во Украина и за македонско-бугарските односи

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.