Битола, Штип, Тетово, Струга, Крива Паланка, Свети Николе, Демир Хисар и Крушево
Форумот за граѓански дијалог кој го сочинуваат НВО Инфоцентар, МКЦ – Битола, Мултикултура, Гласен Текстилец, ЦЗО Струга, ГИЖ Свети Николе, Спектар, ЦРМ и Идеа Плус, реализираше серија консултативни сесии и анкети за клучните приоритети на граѓаните во Битола, Штип, Тетово, Струга, Центар, Крива Паланка, Свети Николе, Демир Хисар и Крушево.
Граѓаните ги мачат многу проблеми на локално ниво и затоа детектираа бројни приоритети за 2023 година и тоа, во речиси сите области – животна средина, инфраструктура, урбанизам, општински услуги и др.