Младински културен центар- Битола, на 20.12.2024 во Крушево, како дел од коалицијата „Форум за граѓански дијалог“ организираше јавна дискусија со општинската администрација, институции и граѓани.
На оваа јавна дискусија се презентираа приоритетите кои беа потенцирани од страна на граѓаните како и мониторингот кој беше направен заедно со резултатите кои досега се постигнати. Овие приоритети беа детектирани во изминатите активности од претходните години на имплементација на оваа иницијатива и се од особена важност за граѓаните на општина Крушево:
• Реконструкција на улици и патишта
– Реконструкција на патот од бензинската пумпа до историското место Мечкин Камен и параглајдинг-центарот.
– Изградена делница два во Борино, како и реконструкција и доградба на пат до и во Саждево.
– Обезбедени се средства за улици во Митрани и Јакреново.
• Подобрување на водоснабдувањето
– Во завршна фаза е реконструкцијата на дел од водоводната мрежа во градот.
– Замена на старите со нови водомери во градот.
• Развој на планинскиот туризам
– Изградена е патека за „даунхил” планински велосипедизам, а се реализира и проектот за изградба на професионална патека
• Реконструкција на обиколниот пат
– Овој проект ќе биде реализиран во 2025 година.
• Подобрување на бизнис климата и вработување на младите
– Хотел „Монтана“ има нов сопственик и во него се вработуваат претежно млади луѓе.
Младинскиот културен центар – Битола (член на Форумот за граѓански дијалог) и Општина Крушево, во декември 2022 година, потпишаа Меморандумот за реализација на граѓански приоритети за периодот 2023 – 2025.
На јавната дискусија исто така стана збор за начинот на кој се прават консултации со граѓаните на општина Крушево во однос на детектирањето на потребите и проблемите на граѓаните и како тие се интегрираат во плановите и програмите на Општина Крушево за наредната година.
Јавната дискусија е дел од активностите на Форумот за граѓански дијалог, предводен од НВО Инфоцентар, во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.