Младински културен центар- Битола, на 22.12.2022 во Крушево, како дел од коалицијата „Форум за граѓански дијалог“ организираше јавна дискусија со Градоначалникот на општина Крушево, г-н Томе Христоски, институции и граѓани.
На оваа јавна дискусија се презентираа приоритетите кои беа потенцирани од страна на граѓаните за 2023 година како и мониторингот кој беше направен заедно со резултатите кои досега се постигнати . Овие приоритети беа детектирани во изминатите активности од претходните години на имплементација на оваа иницијатива и се од особена важност за граѓаните на општина Крушево.
На јавната дискусија сите присутни се согласија дека само сите заедно можат да постигнат големи резултати и дека секоја единка, институција, општинската администрација и Градоначалникот се еднакво битни во процесот за развој на општина Крушево и дека меѓусебниот дијалог е клучна алатка.
Активноста ја реализира Коалицијата – Форум за граѓански дијалог и е поддржана од Меѓународниот центар „Олоф Палме“ од Шведска.