На 14 октомври 2025, во Струга во организација на Центарот на Заедницата на Општина Струга како дел од Форумот за граѓански дијалог, се одржа јавната трибина со кандидатите за градоначалници.
На настанот, на кој присуствуваа 25 граѓани и пет кандидати, од кои четворица независни и еден претставник на политичка партија, се отвори јавна расправа за граѓанските приоритети утврдени преку претходните консултативни средби.
Беа презентирани локалните граѓански приоритети, кои беа утврдени од неколку претходни активности, анкети, средби со активни граѓани – претставници на невладини организации и консултативна средба со граѓани.
Кандидатите имаа можност да ги презентираат главните точки од своите изборни програми и да се изјаснат за нивните ставови и предвидени мерки во однос на приоритетите што ги дефинираа граѓаните. На секој од нив им се даде простор да се изјасни посебно за секој од четирите приоритет и да се обврзат дека доколку бидат избрани во изборите ќе ја преземат нивната реализација, а потоа следеше дискусија со присутните граѓани.
Настанот е дел од проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, спроведуван од НВО Инфоцентар, со поддршка од Меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.
















