На 13 октомври 2025, во Хотел „Оаза“ – Штип се одржа граѓански форум во организација на Гласен Текстилец, членка на Форумот за граѓански дијалог (ФГД). На форумот, граѓаните, младите и кандидатите за советници, дискутираа за осумте приоритети што ги поставија самите штипјани.
Како панелисти учествуваа и кандидатите за градоначалници: Иван Јорданов (ВМРО-ДПМНЕ) и Павел Иванов (СДСМ), кои ги презентираа своите ставови за идниот развој на градот.
Темите ги опфатија најважните локални прашања: урбанистички планови и градење во центарот, сообраќај и јавен превоз, зеленило, хигиена и отпад, стара инфраструктура, ефикасност на администрацијата, центар за деца со попреченост, и поголема отчетност на институциите кон граѓаните.
Форумот потврди дека граѓаните сакаат да бидат дел од решенијата, а кандидатите имаат обврска да ги слушнат! Настанот се организира како дел од проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, спроведуван од НВО Инфоцентар, во партнерство со Гласен Текстилец, со поддршка од Меѓународниот центар „Улоф Палме“.











