No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Активности

Работна средба за влијанието и опасностите од зголемениот број на кафеави мечки во Општина Маврово и Ростуше

NVO Infocentar од NVO Infocentar
29/11/2024
во Активности, Проект - Здружени за активно граѓанство
0
171
СПОДЕЛУВАЊА
1.3k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Во организација на ЗЕУКС Тритон, на 28 ноември 2024 година, во просториите на старата општинска зграда се одржа средба со претставници од општината Маврово и Ростуше, месните заедници од населените места и јавното комунално претпријатие ЈПКД Маврово.

Средбата се одржа во рамките на малата акција „Влијанието и опасностите од зголемениот број на кафеави мечки во Општина Маврово и Ростуше“ на ЗЕУКС Тритон, како дел од проектот „Здружени за активно граѓанство“ на НВО Инфоцентар, поддржан од Европската Унија.

Со идеја да придонесе кон решавање на проблемите и изнаоѓање механизам на контрола и заштита и на населението и на кафеавата мечка, Здружение за екологија и унапредување на културата и спортот „Зеукстритон“ во јули годинава спроведе анкета за ставот на жителите во селата во долнореканскиот крај за кафеавата мечка. Анонимната, полузатворена анкета се проведе во 10 населени места со забележано присуство на кафеави мечки: Жировница, Требиште, Велебрдо, Битуше, Ростуше, Јанче, Аџиевци, Присојница, Скудриње и Врбјане.

На средбата, ЗЕУКС Тритон ги претстави резултатите од анкетата и мислењето на граѓаните за причините, проблемите со кои се сочуваат, како и можните предлози за решенија на овој проблем кој станува се почест и се поголем.

Во широката дискусија, учесниците се согласни дека е неопходна широка дебата со сите релевантни институции, како на локално, така и на национално ниво за да се земат предвид ставовите на сите засегнати страни.

Исто така, учесниците сметаат дека е потребно проширување на испитувањето на јавното мислење на целата територија на Општина Маврово и Ростуше со цел да се има репрезентативен примерок на испитаници.

Изработка на акционен план со конкретни предлози со кои ќе се намали бројот на мечки околу селата е повеќе од потребна. Повеќето од учесниците сметаат дека треба да се покрене иницијатива за референдум за промена на законот за заштита на кафеавата мечка за да се намали бројот на единки до дозволениот број кој што според присутните не би требало да биде повисок од 70-85 единки на територијата на општина и на територијата на Националниот парк Маврово.

Жителите од Маврово и Ростуше сметаат дека е неопходно да се организира прихрана на мечките за да се намали нивното присуство во населените места.

Според учесниците на дискусијата, намалување на бројот на кафеавите мечки со кастрација е процес кој можеби ќе трае многу долг период, но може да даде трајно решение на проблемот. Овие се само дел од предлозите на присутните учесници на дискусијата кои земаа предвид само хумани решенија, наместо крајниот и најнепожелен чекор, отстрел на мечките.

Претходен напис

Форум за граѓански дијалог: Дебата за граѓанските приоритети во Свети Николе

Следен напис

Практична обука за граѓански организации: Вештачка интелигенција – можности за примена

Поврзани Написи

Активности

Промоција на анализата „Кина во македонските медиуми: наративи и влијание“

18/09/2025
Активности

Форум за граѓански дијалог: Регионална средба со мрежата ПОП од Албанија

15/09/2025
Активности

Мода со повисока свест: Памук или Синтетика – Што е по еколошко?

12/09/2025
Во фокус

Мода со повисока свест: Што навистина носиме на себе?

10/09/2025
Активности

Работилници за фотографија со лицата од трето доба

29/08/2025
Во фокус

Зборувај. Дејствувај. Активирај се! POLITEIA 2025 – Регионално училиште за млади луѓе кои прават разлика!

02/07/2025
Следен напис

Практична обука за граѓански организации: Вештачка интелигенција – можности за примена

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.