No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Активности

Усвоена Локална младинска стратегија 2025-2029 во Општина Чашка

NVO Infocentar од NVO Infocentar
20/11/2024
во Активности, Проект - Здружени за активно граѓанство
0
166
СПОДЕЛУВАЊА
1.3k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Советот на Општина Чашка, на седницата одржана на 15 ноември 2024 година, донесе Одлука за усвојување на Локалната младинска стратегија 2025-2029 година на Општина Чашка. Одлуката беше донесена едногласно, со 11 гласови ЗА и ниту еден против.

Повеќегодишната соработка на Општина Чашка со АКТИВО од Велес, во партнерство со НВО Инфоцентар преку проектот „Здружени за активно граѓанство“ поддржан од Европската Унија, во напорите за унапредување на младинските политики и вклучувањето на младите резултираше со реализација на иницијативата за подготовка на нова младинска стратегија, подготвена во отворен и партиципативен процес со младите.

Дваесетина млади од населените места Чашка, Извор и Горно Јаболчиште, како и членови на организации за млади и младински организации кои делуваат во општината беа вклучени во идентификувањето на стратешките приоритети, цели и идни активности во Општина Чашка.

Стратегијата опфаќа осум клучни тематски области (младинско учество, младинско информирање, младинска работа, образование, култура, здравје, претприемништво и поддршка пред вработување, и безбедност), стратешки приоритети, цели и активности по за секоја од областите.

Иницијативата во соработка со Општина Чашка придонесе за активно вклучување на младите во носењето одлуки на локално ниво, поголема информираност, јакнење на улогата на младите во општината, препознавање на младинските потреби и предизвици, поттикнување на напредокот и развојот на младите како и зајакнување на нивната улога во општеството. Усвојувањето на локалната младинска стратегија е мотивирачки чекор за младите да практикуваат активно граѓанство.

Претходен напис

Средба на активната женска заедница со претставници на локалната власт во Општина Струмица

Следен напис

Јавна дебата  „Моќта на комуникацијата за подобро ментално здравје“

Поврзани Написи

Активности

Промоција на анализата „Кина во македонските медиуми: наративи и влијание“

18/09/2025
Активности

Форум за граѓански дијалог: Регионална средба со мрежата ПОП од Албанија

15/09/2025
Активности

Мода со повисока свест: Памук или Синтетика – Што е по еколошко?

12/09/2025
Во фокус

Мода со повисока свест: Што навистина носиме на себе?

10/09/2025
Активности

Работилници за фотографија со лицата од трето доба

29/08/2025
Во фокус

Зборувај. Дејствувај. Активирај се! POLITEIA 2025 – Регионално училиште за млади луѓе кои прават разлика!

02/07/2025
Следен напис

Јавна дебата  „Моќта на комуникацијата за подобро ментално здравје“

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.