No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Во фокус

Започна подготовката на Локална младинска стратегија 2025-2029 во Општина Чашка

NVO Infocentar од NVO Infocentar
10/10/2024
во Во фокус, Активности, Проект - Здружени за активно граѓанство
0
165
СПОДЕЛУВАЊА
1.3k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Активо од Велес, во партнерство со НВО Инфоцентар преку проектот „Здружени за активно граѓанство“ поддржан од Европската Унија, а во соработка со Оштина Чашка организираше работна средба за изработка на новата Младинска стратегија 2025-2029 година во општина Чашка. Во отворен и партиципативен процес младите од Општина Чашка имаа можност да ги идентификуваат стратешките приоритети, цели и активности во Општина Чашка. Настанот се одржа на 09 октомври 2024 година во просториите ООУ Тодор Јанев во населба Чашка.

На настанот, кој е дел од напорите на општината за изработка на Локална младинска стратегија во Чашка, учествуваа двасетина млади од населените места Чашка, Извор и Горно Јаболчиште, како и членови на организации за млади и младински организации кои делуваат во општината.

Лидија Пљакова од Општина Чашка предочи дека младите ја имаат поддршката од страна на Општина Чашка за изработка на новата Локална младинска стратегија како стртешки документ на општината. Ја нагласи можноста за поддршка, при изработка на проектни апликации од страна на младите со кој ќе бидат реализирани нивните приоритети.

Дејан Ристов од АКТИВО  го модерираше настанот, ги водеше младите низ процесот на дефинирање на приоритетните области,  како и младински потреби и препораки кои ќе бидат составен дел од новата Локална младинска стратегија 2025-2029 година на Општина Чашка.

На работната средба присуствуваше и Трајче Мишкоски, Претседател на Советот на Општина Чашка. Мишкоски ги мотивираше присутните да ги донесат приоритетните области и нивните потреби и истакна дека младите ја имаат неговата поддршка и поддршката на Советот за конкретни идеи и активности кои се во нивни интерес.

Оваа иницијатива ќе придонесе за активно вклучување на младите во носењето одлуки на локално ниво, поголема информираност, јакнење на улогата на младите во општината, препознавање на младинските потреби и предизвици, поттикнување на напредокот и развојот на младите како и зајакнување на нивната улога во општеството. Одржувањето на настанот е мотивирачки чекор за младите од општина Чашка да практикуваат активно граѓанство преку дефинирање на приоритетните области во новата Локална младинска стратегија и идентификување на приоритетите на младите и да работат во градењето на подобра иднина во локалната средина за сите граѓани.

Претходен напис

Специјализирана обука за граѓански организации за практична примена на заштитата на лични податоци

Следен напис

Поддршка за руралните жени на саемот за локални производи “Вкусот на традицијата”

Поврзани Написи

Активности

Промоција на анализата „Кина во македонските медиуми: наративи и влијание“

18/09/2025
Во фокус

Кина во македонските медиуми: Анализа на наративи и влијание

16/09/2025
Активности

Форум за граѓански дијалог: Регионална средба со мрежата ПОП од Албанија

15/09/2025
Активности

Мода со повисока свест: Памук или Синтетика – Што е по еколошко?

12/09/2025
Во фокус

Мода со повисока свест: Што навистина носиме на себе?

10/09/2025
Активности

Работилници за фотографија со лицата од трето доба

29/08/2025
Следен напис

Поддршка за руралните жени на саемот за локални производи "Вкусот на традицијата"

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.