No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Анализи

Третото доба од Крива Паланка активно се вклучува во медиумската писменост

NVO Infocentar од NVO Infocentar
14/11/2025
во Анализи, Активности, Проект - Здружени за активно граѓанство, Uncategorized
0
160
СПОДЕЛУВАЊА
1.2k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Лицата од третото доба од Крива Паланка  ја покажаа својата подготвеност да се едуцираат за современите медиуми и заштитата од дезинформации, во рамки на акцијата „Медиумска писменост во третото доба – Вистината не старее“, реализирана од РЦС Спектар Крива Паланка во соработка со Дневниот центар за престој на стари лица со активно стареење при ОО Црвен крст Крива Паланка.

Во рамки на оваа иницијатива беше спроведена анкета за мерење на медиумската писменост и довербата во медиумите кај 55 лица постари од 60 години. Резултатите ја откриваат актуелната слика за медиумските навики и дигиталната поврзаност на лицата од третото доба.

„Резултатите покажуваат дека телевизијата и понатаму останува најчесто користен медиум кај постарите лица и тоа со учество од  54%, но и интернетот (34%),се истакнува како значаен канал за информирање. Најголем дел од испитаниците имаат секојдневен пристап до интернет, а мобилниот телефон е како примарен уред за добивање информации, кој   активно го користат 76% од испитаниците. Ова ги демантира стереотипите дека постарите лица се пасивни корисници на дигитални технологии и ја потенцира потребата од медиумска едукација“, вели Жаклина Цветковска од РЦС Спектар.

Голем дел од испитаниците (89%) изјавиле дека ги разбираат медиумските содржини, додека скоро сите понекогаш изразиле сомнеж во точноста на информациите. Иако 22% признаваат дека некогаш донеле одлука врз основа на неточна информација, мнозинството се свесни за ризиците од дезинформации и се подготвени да преземат чекори за нивно препознавање.

Доверба и препознавање на лажни вести

Анкетата покажува дека постарите лица и понатаму имаат најголема доверба во традиционалните медиуми, пред се во националните медиуми.  Во однос на препознавање лажни вести, 73% сметаат дека можат да ги идентификуваат, што е охрабрувачки сигнал за нивната медиумска свест. Околу половина од испитаниците, пак,  при сомнителни информации ги проверуваат изворите, што покажува одговорен пристап кон медиумската содржина.

Силна подготвеност за учење беше забележана кај 91% од испитаниците, кои  главно преферираат традиционален пристап преку локални работилници. Нивниот мотив е заштита од манипулации, измами и донесување информирани одлуки во секојдневниот живот.

Подготвени за критичко размислување

Истражувањето покажува дека постарите лица во Крива Паланка не се само пасивни приматели на информации. Тие активно ги користат и традиционалните и современите медиуми, свесни се  за ризиците од дезинформации и покажуваат интерес за едукација и критичко размислување. Локално базирани, интерактивни активности се клучни за нивното вклучување и унапредување на медиумската писменост.

Покрај анализата, во рамки на акцијата беше одржана и едукативна работилница за медиумска писменост на лицата од третото доба со медиумскиот експерт Огнен Јанески, кој на практичен и пристапен начин ги водеше учесниците низ темите со примери од медиумската информативна сцена.

Учесниците на работилницата имаа можност да се запознаат со основите на критичко читање на вести, препознавање на лажни информации и безбедно користење на дигиталните платформи.

Работилницата ја поттикна дискусијата и размислувањето за важноста на медиумската писменост во современиот информативен свет, а учесниците стекнаа нови знаења и практични совети за критичко следење на медиумите. Нивното активно учество јасно ја покажува желбата на постарите лица да бидат информирани, критички и дигитално компетентни.

Автор: Сузана Николиќ

Прилогот е подготвен со поддршка од Европската Унија, во рамки на проектот „Здружени за активно граѓанство“. Содржината е единствена одговорност на авторот, и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Прочитајте го целосниот текст на Анализата „Медиумска писменост за лицата од трето доба“

Претходен напис

Теренска работилница „Жените ги разменуваат семињата на иднината“

Следен напис

Регионална конференција „Младите од Западен Балкан и Европската Унија: Обликување на нашата заедничка иднина“

Поврзани Написи

Активности

Потпишани Меморандуми за реализација на граѓанските приоритети 2026-2029 во шест општини

30/12/2025
Анализи

Граѓаните свесни за загадувањето, но со ограничено знаење за еко-отпечатокот на облеката

25/12/2025
Анализи

Форум за граѓански дијалог и Локалните избори 2025: Граѓански приоритети – резултати од консултативниот процес

23/12/2025
Во фокус

Годишни работни програми: Здружени за активно граѓанство (2022–2025)

22/12/2025
Во фокус

Анкетата: Граѓаните и приоритетите на локално ниво 2025

16/12/2025
Активности

Изложба на фотографии на лицата од трето доба

08/12/2025
Следен напис

Регионална конференција „Младите од Западен Балкан и Европската Унија: Обликување на нашата заедничка иднина“

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.