НВО Инфоцентарот во соработка со партнерските организации, а со поддршка на Меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска, во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, спроведе мониторинг на работењето на општините Куманово, Свети Николе, Велес, Струмица, Крива Паланка, Теарце, Дебар и Маврово – Ростуше во делот на противпожарната заштита.
Добиените наоди од мониторингот покажаа дека територијалните противпожарни единици во овие општини имаат стар возен парк, во некои од нив и над 40 години. Скоро во секоја општина има по едно или две неисправни возила.
Најголем број од возилата не ги купиле општините, туку се донации или им се предадени од други институции.
Таа состојба не се менува ниту во последниве три години.
Бројот на пожарникари според добиените податоци од последниот попис генерално е задоволителен, но има општини каде што бројот на пожарникари е на ниво на законскиот минимум, или под него.
Некои територијални противпожарни единици покриваат по уште две или три општини.
Општините тврдат дека редовно ги сервисираат хидрантите и противпожарните апарати, а некои од општините посочија дека организираат и едукација за противпожарна заштита за учениците.
Општините генерално немаат пракса да доделуваат субвенции за чистење оџаци ниту финансиски да поддржуваат курсеви за оџачари, а некои општини немаат проценка на загрозеност од елементарни непогоди.
Во мониторингот компаративно беше користена дата-базата на Центарот за граѓански комуникации за состојбата со противпожарните возила и бројот на пожарникари во државата.
Преглед на состојбите по општини: