Деветнаесет претставници од граѓански организации викендов во Скопје се обучуваат како да истражуваат, собираат и обработуваат податоци за нивните анализи.
Обуката „Мониторинг план, собирање и обработка на податоци“ се одржа во х. Солун во Скопје, на 3 и 4 Јуни 2023, со обучувачите Васко Маглешов и Маја Јовановска.
Според потребите на граѓанските организации, програмата на обуката се состои од два дела и ги покрива нивните слабости во истражувањето и пишувањето извештаи од анализата на податоци: прв е обуката за „Подготовка за план за мониторинг, собирање и обработка на податоци“, а вториот дел ќе биде практична работа со менторска поддршка при собирањето податоци, анализа и пишување извештаи.
Обуката е дел од годишна програма на НВО Инфоцентарот за јакнење на капацитетите на граѓанските организации, која се спроведува преку проектите „Здружени за активно граѓанство“ поддржан од Европската Унија и „Активни граѓани за партиципативна демократија на локално ниво“ поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме.
![](https://nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2024/02/347242761_706489307810477_2474660435051032275_n-1024x768.jpg)
![](https://nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2024/02/347239437_1113050689609236_4332752607217569630_n-1024x768.jpg)
![](https://nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2024/02/347238435_2224822351049452_3492450270888699883_n-1024x768.jpg)
![](https://nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2024/02/347237027_616396687105942_2357057387987208200_n-1024x768.jpg)