No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Во фокус

Мониторинг: Општините и поддршката за култура

NVO Infocentar од NVO Infocentar
16/12/2024
во Во фокус, Анализи, Проект - Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво
0
212
СПОДЕЛУВАЊА
1.6k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Поддршката за култура на локално ниво во Северна Македонија е регулирана преку законска рамка која ја дефинира улогата и надлежностите на општините во оваа област. Според Законот за локална самоуправа, општините имаат обврска да организираат културни манифестации, да поддржуваат и поттикнуваат различни форми на културно творештво, и да ги негуваат локалните традиции, како што се фолклорот, обичаите и старите занаети. Дополнително, општините се задолжени за управување и одржување на културни установи како домови на културата и музеи, што претставува основен дел од нивните надлежности.

Централната власт, пак, преку Министерството за култура, а во рамки на Законот за култура, обезбедува финансиска поддршка за локални културни проекти преку капитални дотации. Всушност, Законот за култура ги регулира начините на институционална и финансиска поддршка за културни установи и проекти, вклучувајќи можности општините да добиваат средства од државниот буџет преку капитални дотации за културни проекти.

За да се добие подетален увид како општините ги остваруваат обврските во сферата на културата според Законот за локална самоуправа, НВО Инфоцентарот, во соработка со партнерските организации: Спектар од Крива Паланка, Организација на жените од Струмица, Граѓанската иницијатива на жени од Свети Николе и Активо од Велес, во периодот септември – ноември 2024 година, спроведе мониторинг на шест општини – Куманово, Велес, Струмица, Свети Николе, Лозово и Босилово.

Целта на мониторингот беше да се добие подетална слика за начинот на кој општините го планираат, организираат и финансираат културниот развој на локално ниво. Преку пристапот до информации од јавен карактер општините ни доставија податоци и информации за тоа дали имаат стратешки документи, како ги подготвуваат годишните програми, каква е организациската структура на општинските единици задолжени за култура, вклучувајќи ги бројот и распределбата на вработените во овие сектори/одделенија. Мониторингот ги разгледа и финансиските аспекти, како што се буџетите на општините за културни програми, процентуалниот удел на културните активности во вкупниот општински буџет, како и поддршката за културни институции и проекти. Преку овој мониторинг, се истражуваше и финансиската поддршка за независни уметници, културни работници и граѓански здруженија кои работат во областа на културата, како и начините на кои општините собираат повратни информации од граѓаните и другите заинтересирани страни при изготвувањето на културните програми.

Клучни наоди

Ниту една од мониторираните општини нема стратешки документ за развој и поттикнување на културата и уметноста на локално ниво. Сите општини изготвуваат годишни програми за култура, за чија реализација секоја година се издвојуваат од 0.65% до најмногу 3% од општинските буџети. Општините не обезбедуваат дополнителни средства за развој на културата и уметноста од меѓународни донатори и странски програми за култура. Се потпираат исклучиво на општинскиот буџет.

Дел од општините ги консултираат граѓаните и засегнатите страни при подготовката на годишните програми за култура. Некои општини објавуваaт јавен повик за доставување предлог – проекти за реализација на активности и настани од областа на културата, а како подносители можат да се јават здруженија, фондации,  јавни установи и други правни лица кои имаат цели, задачи или регистрирана дејност од областа на културата или социјално – хуманитарната дејност.

Во повеќето општини нема посебен сектор за култура, а во некои нема ниту посебно одделение односно културата е во надлежност на други сектори и одделенија. Најчесто станува збор за одделенија кои покриваат и други области покрај културата, на пример, образование, социјална дејност, спорт и др.

Најмногу средства на општините се трошат за музичко-естрадни настани и манифестации. На пример, во Општина Велес, три години по ред, речиси половината од буџетот за култура се троши за манифестацијата Фестивал на питата и виното, а сумата од година во година расте. Идентично е и со манифестацијата Овчеполски гроздобер во Лозово.

Проектите поддржани и реализирани од општините, генерално, се повторуваат секоја година. На пример, Општина Лозово традиционално најмногу пари за култура издвојува за Овчеполскиот гроздобер. Во Свети Николе, како активности од културата се повторува поддршката за „Моторијада“, фестивалот „Тодорица“, Денот на шегата и др. Во Велес, тоа е Фестивалот на питата и виното, Рациновите средби, Фестивалот на античка драма и др. Општина Куманово му дава поддршка на „Мото фест Куманово“, а финансира меѓународен тамбурашки фестивал, денови на комедијата и др. Во Струмица редовна финансиска поддршка добиваат фестивалот на афоризми и карикатура „Астерфест“, фестивалите „Под кулите на Струмица“, „Струмица Open“ и др.

Во некои општини, како Куманово, организацијата на манифестациите и фестивалите се реализира преку фондација основана од локалната самоуправа – Фондација за култура и спорт Куманово. Фондација е задолжена за една третина од програмските настани за култура. Фондацијата има четворица вработени, а програмите и извештаите за работа се разгледуваат и усвојуваат од советите на општините. Тие се јавуваат на јавниот оглас за поддршка на проекти од културата.

Општините како Велес, Куманово и Лозово, не обезбедуваат средства за поддршка на независните уметници. Општина Струмица во последните три години одвојува средства за поддршка на независното творештво, додека општина Свети Николе тоа го направила во 2023 година.

Прочитајте ја целосната анализа од мониторингот Општините и поддршката за култура.

Мониторингот е реализиран во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.

Претходен напис

Втора регионална лабораторија за млади, медиумска писменост и дигитализација

Следен напис

Форум за граѓански дијалог во Штип

Поврзани Написи

Во фокус

Кина во македонските медиуми: Анализа на наративи и влијание

16/09/2025
Во фокус

Мода со повисока свест: Што навистина носиме на себе?

10/09/2025
Во фокус

Зборувај. Дејствувај. Активирај се! POLITEIA 2025 – Регионално училиште за млади луѓе кои прават разлика!

02/07/2025
Во фокус

Повикот за учество во регионалната програма за практикантска работа за 2025 е отворен!

25/06/2025
Во фокус

Повикот за предлози за Фондот за активни достигнувања за регионални неформални групи е отворен!

18/06/2025
Во фокус

Трета регионална лабораторија за млади, медиумска писменост и дигитализација

23/05/2025
Следен напис

Форум за граѓански дијалог во Штип

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.