No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Во фокус

Мониторинг и интернет анкета: Општините и реализацијата на граѓанските приоритети во 2023 година

NVO Infocentar од NVO Infocentar
12/12/2023
во Во фокус, Анализи, Активности, Проект - Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво
0
311
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

ФОРУМ ЗА ГРАЃАНСКИ ДИЈАЛОГ

НВО Инфоцентарот, со партнерските организации,членки на Форумот за граѓански дијалог (ФГД): Гласен Текстилец од Штип, Младински културен центар – Битола,Спектар од Крива Паланка, Граѓанска иницијата на жени од Свети Николе и Центар на заедницата на Општина Струга,во периодот октомври – ноември 2023 година,спроведе мониторинг на реализацијата на граѓанските приоритети на локално ниво.

Целта на мониторингот беше да добиеме слика до каде е реализацијата на граѓанските приоритети во шест општини: Штип, Струга, Крива Паланка, Свети Николе,Крушево и Демир Хисар, кои произлегоа од консултативните средби со граѓаните во текот на 2021 и 2022 година.

За потребите на мониторингот беа реализирани серија разговори со релевантните претставници на општинските власти, а во анализата беа вклучени добиените информации и документи, како и информациите и документите објавени на интернет-страниците на општините.

Едновремено, во периодот, од 17 до 24 октомври 2023, спроведовме шест интернет анкети за граѓаните од општините вклучени во мониторингот, со цел да ги собереме нивните перцепции, ставови и искуства за тоа, дали општината ги реализира конкретните граѓански приоритети, но и дали ги вклучува и консултира граѓаните за прашања поврзани со локалните политики.

Интернет анкетата за реализација на граѓанските приоритети покажува дека мнозинството анкетирани граѓани од шесте општини вклучени во мониторингот сметаат дека локалните власти, во 2023 година, не преземаат доволно активности за реализација на граѓанските проблеми и приоритети.

Анкетата покажа и дека граѓаните многу малку или воопшто не се вклучени во креирањето локални политики. Дури 75% од испитаниците ниту еднаш не учествувале во креирањето политики во локалната заедница, 6,5% одговориле дека редовно учествуваат, додека останатите испитаници одговориле дека само повремено се вклучени во активности за креирање локални политики.

Речиси половината од испитаниците (47,3%) навеле дека досега никој не ги повикал да учествуваат во некој активност на општината за креирање локални политики, а 34% одговориле дека не биле информирани.

Повеќе од половината од испитаниците (52%) сметаат дека најсоодветна форма на граѓанско учество се јавните расправи, потоа со 33% се собирите во месните заедници, додека најмалку ефикасни се буџетските форуми.

Покрај оценката за исполнетоста на граѓанските  приоритети во 2023 година, граѓаните ги пренесоа нивните очекувања за следната, 2024 година. Дел од нив се повторуваат со приоритетите од 2023 година.

Еден од приоритетите на граѓаните на Крива Паланка е решавање на сообраќајниот метеж во градот, но и вработување на младите. Жителите на Свети Николе сметаат дека општината треба да работи на отворање нови паркинзи во централниот дел на градот, како и на решавање на проблемот со бездомните кучиња. Штипјани, пак, бараат изградба на подземни и надземни гаражи, базен и др. Испитаниците од Струга бараат решавање на проблемот со депонијата и бездомните кучиња. Демирхисарци оценуваат дека општината во 2024 треба да работи на реконструкција на водоводите и на подрачните училишта, како и на санација на локалните патишта, а жителите на Крушево бараат подобрување на водоснабдувањето и реконструкција на улиците.

Прочитајте го целосниот текст од анализата на мониторингот и интернет анкетата: Општините и реализацијата на граѓанските приоритети во 2023 година.

Овој мониторинг е реализиран во рамки на проектот„Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.

Клучни наоди по општини:

Претходен напис

Уметнички перформанс: Изработка на скулптура во јавен алтернативен културен простор

Следен напис

Јавна дебата за реализација на приоритетите на граѓаните за 2023 во Струга

Поврзани Написи

Активности

Промоција на анализата „Кина во македонските медиуми: наративи и влијание“

18/09/2025
Во фокус

Кина во македонските медиуми: Анализа на наративи и влијание

16/09/2025
Активности

Форум за граѓански дијалог: Регионална средба со мрежата ПОП од Албанија

15/09/2025
Активности

Мода со повисока свест: Памук или Синтетика – Што е по еколошко?

12/09/2025
Во фокус

Мода со повисока свест: Што навистина носиме на себе?

10/09/2025
Активности

Работилници за фотографија со лицата од трето доба

29/08/2025
Следен напис

Јавна дебата за реализација на приоритетите на граѓаните за 2023 во Струга

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.